СОЗДАВАЧИ НА ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ

Отпадните масла за јадење се создаваат при приготвување на храна од страна на домаќинствата, прехранбените производители, угостителските објекти и други корисници на растителни масла. Маслата за јадење после нивната употреба добиваат својство на отпад кој претставува сериозен загадувач на животната средина. Несоодветното отстранување на отпадните масла за јадење во одводи или нивно мешање со комуналниот отпад може да предизвика големи опасности по здравјето и природата.

ЗАКОНСКИ СТАНДАРДИ И ОБВРСКИ

Отпадните масла за јадење се отстрануваат на соодветен начин доколку се складираат во специјална пластична амбалажа (сад, канта, туба или друг тип на пакување) која се предава на овластена и лиценцирана фирма за управување со овој отпад и негово понатомошно третирање, рециклирање или прописно отстранување.

Секое правно лице од угостителската и прехранбената индустрија кое употребува масла и масти за јадење во рамките на вршење на своите дејности, треба соодветно да го складира и предава отпадот на овластен собирач за оваа дејност. Согласно член 42-а од Законот за управување со отпад правните лица кои создаваат или поседуваат отпад имаат обврска за негово предавање на овластена фирма која поседува дозвола за таа намена.

Фрлањето на отпадните масла за јадење во канализационен одвод, мијалник или директно во природата како и нивното собирање од страна на правни лица кои не поседуваат дозвола за оваа дејност е нелегално и казниво со закон.

НАЦИОНАЛНА РЕГУЛАТИВА

Закон за управување со отпад

Закон за животна средина

ПРЕХРАНБЕНА И УГОСТИТЕЛСКА ИНДУСТРИЈА

Не грижете се за отпадните масла за јадење, нашиот тим е тука за вас

За да ја подобриме вашата ефикасност во работењето нудиме еко услуги за целосно управување со отпадните масла за јадење кои ги создавате при процесот на пржење и готвење, од достава на туби и садови за складирање на отпадот до редовно и сигурно собирање према вашите потреби и циклуси на менување на маслата.

ДОМАЌИНСТВА

Преку собирање на отпадните масла за јадење и нивно предавање на овластен собирач вашето домаќинство значително го намалува ризикот од загадување на природата

ЗА СЕКОИ СОБРАНИ 3 ЛИТРИ ОТПАДНО МАСЛО ДОБИВАТЕ ПОЛОВИНА ЛИТАР ДИЈАМАНТ СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ

zejtin1-(1)
ljubeznost-logo

Направете донација до социјално загрозени семејства преку собирање на отпадно масло за јадење… #рециклирајидонирај

Ги подигаме вашите отпадни масла за јадење и доставуваме наменски садови за собирање.

Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, нашиот тим ќе ви одговори на сите ваши прашања. Контактирајте не преку:

Дознајте повеќе за...