Биомаса и биогорива: Од отпад до енергија

Како да бидеме eco-friendly и свесни за животната средина?
20/05/2019

Што е биоенергија ?

Енергијата која се добива од биомасата и биогоривата е биоенергија. Овој тип на енергија покрива 10% од светската побарувачка на енергија. Материјалите од кои ги добиваме  биогоривата се нарекуваат биомаса.

Необработена биомаса односно јаглен, огревно дрво, органски биоразградлив отпад или животински измет се главен извор
на биоенергија во развиените економии кои преку современи технологии и постапки ја користат оваа енергија за греење, електрична енергија, како гориво или за други намени.

 

Што се биогорива?

Биогоривата се дизајнирани како алтернатива на бензин, дизел гориво и јаглен – фосилни горива. Овие зелени горива се добиваат најчесто од биомаса и органски отпад/материи.

Биогоривата, како биодизел и биогас значително ги намалуваат штетните CO2 гасови – до 80%. Во денешно време, производството и употребата на биогоривата станува се поголем светски тренд. Едни од најголемите произведувачи на истите се Азија, Европа и Америка.

Годишно се произведуваат 25 билиони галони етанол кој се употребува како гориво и 1 билион галони биодизел.

Во биогорива спаѓаат:

  • Етанол – се користи во мотори со високи перформанси.
  • Биодизел – во мотори кои работат на дизел гориво, најчесто биодизелот се меша во одреден процент со обичниот дизел.
  • Биоџет гориво – се користи во авиони.
  • Биогас – се добива најчесто преку анаеробна дигестија на органски материи и органски отпад, се користи за добивање на електрична енергија, како гориво и други корисни апликации.

Типови на гориво

  1. Прва генерација на горива – го сочинуваат мнозинството на биогорива кои моментално се во употреба. Се произведуваат од шеќер, скроб или растителни масла. Се разликуваат со втората генерација на горива во тоа што суровината од која што се добиваат не е одржлива и доколку се употребува во големи количини може да има влијание на снабдувањето со храна и искористување на земјоделските површини.
  1. Втора генерација на горива – се сметаат за “позелени” од првите од причина што се добиваат од одржливи суровини (отпадни масла и масти од растително потекло, животинска маст). Терминот одржливи се дефинира со помош на тоа колку се достапни суровините за производство и нивното влијание на штетните CO2 гасови.

 

Што е биодизел ?

Биодизел е вид на биогориво кое се добива од нерафинирани растителни масла и преку рециклирање на отпадни масла за јадење искористени како еко суровина во самото производство.

Претставува обновлив и одржлив извор на енергија кој е корисен за природата. Не содржи сулфур, материјалот е биоразградлив и има ниски емисии на штетни гасови.

 

Отпадни масла за јадење – еко суровина за биодизел

Нашата компанија ги собира отпадните масла за јадење од растително потекло од индустријата и од домаќинствата преку еко-хуманитарниот проект “Рециклирај и донирај”. Преку современа технологија на загревање, филтрација и прочистување, инсталација која работи на на соларна енергија, отпадните масла ги рециклираме во готова еко суровина за добивање на зелена енергија – биодизел која се извезува во Европските земји.

Oтпадното масло за јадење кое е собрано од создавачите поминува низ овие процеси:

  • Загревање на секоја количина во посебен систем дизајниран за оваа намена.
  • Фази на филтрација преку специјални филтри со различна големина.
  • Процес на таложење и додатно загревање во иноксни цистерни.
  • Припрема на готова еко суровина за извоз на европскиот пазар преку финална филтрација и термичко третирање.
  • Лабараториска анализа за преглед на квалитетот на финалниот производ.

Кои се бенефициите од производство на биогорива?

Она што ги издвојува биогоривата од фосилните горива во поглед на бенефити е тоа што:

  • Нивниот извор е обновлив. Зошто? Од причина што суровината која е потребна за дел од количините кои се произведуваат е отпадно масло за јадење. Количините на отпадно масло се создаваат секојдневно бидејќи растителните масла се употребуват како основна храна во секое семејство или прехранбени индустриски објекти. Преку искористување на овој рециклиран отпад како суровина за производство на зелен биодизел, се заштедува енергија, земјоделски површини и се заштитува природата од загадување.
  • Претставуваат алтернатива за фосилните горива.
    Зошто? Покрај тоа што се еколошки и зелени, произведуваат значително помалку CO2 од фосилните горива.

Како и вие да придонесете во создавање на биодизел и да станете дел од заедницата на собирачи на отпадно масло во еко-социјалната платформа „Рециклирај и донирај?

Вашата еколошка свест расте, а со тоа придонесувате нашата земја да станува се по “Зелена”.  ЕКО ЛИНИЈА: 070 264 444