„Рециклирај и донирај“ на Аларм за природата 2018

Искористеното масло не е отпад туку суровина за биодизел
11/06/2018
Доделување на благодарници до персоналот во градинките „Орце Николов“ и Корчагин“ за одличната еко соработка
04/07/2018

Имавме одлични искуства од еко настанот кој го организираше Аларм за природата 2018 во Ливадиште, Струга. Tea и Марија од ЗГ „Љубезност“ ги презентираа еколошките резултати кои ги постигнавме преку системот за управување со отпадно масло низ годините како и еко-хуманитарниот проект за домаќинствата „Рециклирај и донирај“.

Се поделија и кантички за собирање на отпадно масло до присутните. Проектот „Рециклирај и донирај“ одлично напредува, веќе собравме над 1.500 кг отпадно масло кои понатаму се рециклираат во обновлива енергија, додека донирани се над 120 литри сончогледово масло од собирачите.

Ваквите еколошки настани се одлична платформа за размена на позитивни искуства и спроведување на практични решенија за заштита на животната средина. Теа и Марија, ви благодариме што одлично ги претставивте нашите еко проекти на овој настан!