Еко презентација за собирање и рециклирање на отпадно масло во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“

14/11/2017
Започна реализацијата на пилот проектот: „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“
13/11/2017
Нов систем за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата – Еве како да се вклучите во оваа еко акција
17/11/2017

Нашиот тим имаше одлична презентација пред учениците во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ за позитивните вредности во поглед на екологијата, нашето искуство во собирање и управување со отпадно масло за јадење како и новиот еко проект за домаќинствата #рециклирајидонирај.

Учениците покажаа голема заинтересираност за оваа тема и поставуваа доста интересни прашања. Се надеваме дека направивме мал придонес во подигнување на еколошката свеста кај учениците за зачувување на животната средина.