Акција за собирање отпаден зејтин во Охрид

13/05/2013
Охридските домаќинки добија канти за одлагање на искористено масло од готвење
13/12/2012
Ќе се собираат кантите со отпадно масло од домаќинствата
13/05/2013

Охрид, 13 мај 2013 (МИА) – Одделението за животна средина при општина Охрид задутре ќе ја спроведе годинешната акција за собирање отпадно масло од домаќинствата и угостителските објекти.

Акцијата ќе се спроведе на поранешниот полигон за мали спортови, каде сите физички и правни субјекти ќе можат да го достават отпадниот зејтин и да добијат соодветни канти за негово складирање.

Пилот проектот за собирање отпадно масло од домаќинствата почна да се реализира во декември минатата година со цел употребеното масло да не се фрла заедно со останатиот комунален отпад и на тој начин да се спречи загадување на животната средина.

Собирањето отпадното масло на територијата на Општина Охрид го врши овластената фирма „Суниленс“ од Скопје која од Министерството за животна средина и просторно планирање има дозвола за собирање, складирање и третман на таков вид отпад.

Во рамки на проектот Општина Охрид и овластената фирма минатата година на стотина домаќинства им подарија по еден пластичен канистер за собирање отапдно масло.

Mia.mk

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1