Каде треба да заврши употребеното масло за јадење, одбележан денот на Зелениот појас – ЕКОБАЛАНС

Нови еко-едукативни работилници со децата од 11 градинки во Скопје преку проектот „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење”
15/11/2018
ЕКО БАЛАНС ТВ МАГАЗИН – СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДНО МАСЛО
17/11/2018

Сабота 12.30ч на Телевизија 24

Во новата епизода на Екобаланс ќе гледате:

Дали Македонците знаат дека отпадното масло за јадење може да се рециклира и потоа да се употреби како готова еко суровина на пазарот за биогорива во Еврпа?

Скоро една деценија во Македонија постои лиценцирана компанија од страна на Министерството за животна средина која се занимава со собирање, складирање и третман на отпадни масла и масти за јадење од растително потекло. Компанијата Синиленс во 2009 година го собира и го рециклира отпадното масло кое потоа го употребува како готова еко суровина на пазарот за биогорива во Европа.Андреј Ѓокиќ, менаџер во „Суниленс“ за Екобаланс раскажува за искуствата сиве овие години и за информираноста на Македонците околу рециклирањето на отпадното масло за јадење.

Македонско еколошко друштво Осогово го одбележа Денот на Зелениот појас со велосипедска тура наречена „По патека на Железната завеса“, која ја следи некогашната Железна завеса, низ предел кој е живописен спој на природата и историјата. За одбележувањето на Денот на Зелениот појас „Екобаланс“ разговараше со Деспина Китанова, раководител на проект за зашитетни подрачја во Македонското еколошко друштво.

На одбележување на Светскиот ден за чиста планета, 15 септември, во Словенија, членовите на организацијата Екологисти без граници, креативци од агенцијата „Футура ДДБ“ и неколкумина волонтери почнале акција за собирање на отпадоците низ Словенија.

Оваа група решила собраните отпадоци да ги рециклира и од нив да создаде нешто што ќе може да се користи.

Сите собрани шишиња, облека, стари гуми ги наредиле во форма на латинични букви и секоја од нив ја фотографирале одделно. Со обработка на фотогафиите е креиран новиот, рециклиран фонт.

Гледајте во новото ТВ издание на ЕКОБАЛАНС, Сабота 12.30ч на Телевизија 24.

ekobalans.mk

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1
Print Friendly, PDF & Email