СЕРТИФИКАТИ И ДОЗВОЛИ

Согласно одредбите од Законот за управување со отпад (член 32 и член 45) и Законот за животна средина, Суниленс ги поседува сите дозволи и овластувања од Министерството за животна средина и просторно планирање за прописно, безбедно и квалитетно извршување на дејноста управување со отпадни масла и масти за јадење.

 

ДОЗВОЛИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ

Дозвола за вршење на дејност собирање и транспортирање

Дозвола за вршење на дејност складирање, третман и/или преработка

НАЦИОНАЛНА РЕГУЛАТИВА

Закон за управување со отпад

Закон за животна средина

СЕРТИФИКАТ ISCC EU

Нашиот систем на собирање на отпадни масла за јадење е сертифициран во согласност со водечкиот ISCC EU систем и Директивата за обновлива енергија 2009/28/EC. Нашиот сектор за управување со отпад секоја година поминува низ ригорозен процес на ревизија од страна на овластена ЕУ компанија за обновување на ISCC EU сертификатот. Со овој сертификат ги исполнуваме најстрогите ЕУ стандарди кои се во согласност со законските норми за одржливост на животната средина.

ISCC EU Сертификат

ISCC EU самостојна изјава за употребени отпадни масла и масти за јадење од подготовка на храна за производство на биогориво во согласност со директивите 2009/28/EC

Самостојната изјава на оваа веб страна која се однесува на предавање на отпадни масла и масти за јадење е составен и валиден дел од договорите помеѓу Суниленс ДООЕЛ и создавачите кои го предаваат отпадот. Самостојната изјава се презентира на секој создавач во рамките на договорот и се смета за прифатена од денот на важноста на договорот. Самостојната изјава како дел од правилата и условите на соработка ќе се смета за прифатена ако нема приговор до Суниленс ДООЕЛ во рок од 14 дена од денот на презентирањето.

logo_cert3
logo_cert2-new

КВАЛИТЕТЕН И СИГУРЕН СИСТЕМ НА СОБИРАЊЕ

Отпадните масла за јадење кои поминуваат низ нашиот систем се собираат и третираат правилно, квалитетно и одговорно. Ваквиот начин на работа придонесува во напредокот и исполнувањето на целите за животна средина и климатски промени на ниво на Европската Унија.

Ги подигаме вашите отпадни масла за јадење и доставуваме наменска амбалажа за собирање.

Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не преку: