ЕДУКАЦИЈА И ПРОЕКТИ

Според анализи направени на ниво на Европската унија (ЕУ), потенцијалната количина на отпадни масла и масти за јадење која се предвидува дека може да се собере на годишно ниво изнесува 8 килограми по глава на жител. Согласно со вкупната популација во ЕУ која изнесува околу 500 милиони жители, тоа значи дека годишниот капацитет, односно потенцијал за собирање е 4 милиони тони отпадно масло.

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ И МАКЕДОНИЈА

Во пракса, во сите земји членки на ЕУ на годишно ниво се собираат околу 725 илјади тони отпадни масла и масти за јадење од индустријата и домаќинствата, што претставува 1,45 кг. по жител. Во Македонија се собираат над 600 тони отпадно масло секоја година, односно околу 0,3 кг. по жител.

Према одредени анализи и статистички податоци се смета дека 20-30% од количините на маслата за јадење остануваат како отпадни масла. Проценките покажуваат дека во нашата земја има простор да се собираат уште повеќе количини на отпадно масло, особено од домаќинствата бидејќи до сега немаше функционален систем за собирање во овој сегмент. За да се приближиме до европскиот просек по глава на жител, на годишно ниво треба да се собираат уште 2000 тони отпадно масло.

ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ

АНАЛИЗИ НА СИСТЕМИТЕ ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАДНО МАСЛО ВО ЕУ – GREENEA

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГОУ ГРИН

ПРЕЗЕНТАЦИЈА СУНИЛЕНС

EUROPEAN BIOMASS INDUSTRY ASSOCIATION

УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДНО МАСЛО ВО МАКЕДОНИЈА

ФАКТИ ЗА ОТПАДНИТЕ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ

Штетни по нашето здравје

  • Повеќекратната употреба на маслата за јадење е штетна по здравјето поради токсичното соединение (NHE) кое со тек на време се акумулира во некои растителни масла.
  • Се препорачува маслата за јадење да не се загреваат на високи температури кои доведуваат до чадење и да не се користат за повеќекратно готвење откако ќе добијат својства на отпад – темна кафеава боја и остар мирис на храната која се приготвува.

Загадувачи на природните еко системи

  • Фрлањето на отпаднo масло за јадење во водоводните и канализационите системи во 40% од случаите е причина за нивно запушување. Отпадните масла може да се стврднат и со тек на време да се наталожат во цевките, процес кој може да доведе до блокирање на јавните одводи. Ако отпадните води не можат да се движат слободно низ цевките може да предизвикаат протекување и излевање во домовите и надворешната средина, што предизвикува сериозни нехигиенски услови и загадување.
  • Отпадното масло за јадење никогаш не треба да се фрла во кујнскиот мијалник и тоалетниот одвод, туку треба да се собира во посебни садови и да се предава на овластени компании за управување со отпадно масло.
  • Доколку отпадните масла за јадење се мешаат со комуналниот или друг вид на отпад, ризикот од загадување на природата преку протекување на отпадот значително се зголемува.
  • Акумулацијата на отпадни масла за јадење во цврста состојба врз почвата го попречува протокот на вода и воздух и негативно влијае врз растителниот и животинскиот свет.

Еден литар отпадно масло за јадење може да загади до еден милион литри вода

  • Маслото е полесно од водата и има тенденција да се шири во тенки и широки мембрани кои ја попречуваат самата оксидација. Отпадното масло за јадење фрлено во канализационен одвод може да се излие во реките, потоците и езерата и сериозно да го загади нивниот еко систем преку драстично намалување на кислородот и создавање на токсичен талог на дното и по коритата. Тоа може да предизвика катастрофални последици за животните и растенијата.

Истражувањата и анализите во повеќе држави покажуваат дека…

  • Секој литар отпадно масло за јадење фрлено во одвод чини околу 17 евро центи по жител, трошок кој е изразен преку сметките за вода.
  • На годишно ниво водоводните компании во западните земји трошат во просек 17,5 милиони евра за санирање на блокадите предизвикани од масти и масла за јадење кои се исфрлени преку канализационите одводи. Во Велика Британија, 50-75% од сите блокади на канализационите системи се предизвикани од отпадни масла и масти, што претставува трошок од 100 милиони евра на годишно ниво.
  • Еден литар употребено масло за јадење има енергетски својства кои може да се искористат за работа на телефонски полнач од 1000 часа.
  • Со еден литар употребено масло за јадење може да се создаде доволно енергија за да се направат 240 шолји кафе.

ПРОЕКТИ

Подигнувањето на еколошката свест кај помладите генерации за потребата од прописно собирање на отпадни масла за јадење и позитивните влијанија на ваквите практики врз животната средина е нашата примарна цел.

Се стремиме да воспоставиме ефективен и лесно достапен систем за собирање на отпадно масло до граѓаните и индустријата низ цела Македонија. Ваквиот пристап ни овозможува да продолжиме со исполнувањето на нашата визија за почиста животна средина и создавање на високи еколошки вредности и практики на циркуларна зелена економија во општеството.

ЗА СЕКОИ СОБРАНИ 3 ЛИТРИ ОТПАДНО МАСЛО ДОБИВАТЕ ПОЛОВИНА ЛИТАР ДИЈАМАНТ СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ

zejtin1-(1)
ljubeznost-logo

Направете донација до социјално загрозени семејства преку собирање на отпадно масло за јадење… #рециклирајидонирај

Следете го нашиот блог за најнови едукативно-информативни објави како и известувања во врска со отпочнувањето на нашите нови проекти за собирање на отпадни масла за јадење и кампањи за подигнување на јавната еколошка свест.

ikonki-sunilens-03
ikonki-sunilens-04

Ги подигаме вашите отпадни масла за јадење и доставуваме наменски садови за собирање.

Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, нашиот тим ќе ви одговори на сите ваши прашања. Контактирајте не преку:

Дознајте повеќе за...