ХОТЕЛИ, РЕСТОРАНИ И СЕНДВИЧАРИ

НИЕ СМЕ ВАШИ ДОЛГОРОЧНИ ПАРТНЕРИ - ВАШИОТ УСПЕХ Е И НАШ УСПЕХ

Уште од самите почетоци на Суниленс угостителите се едни од нашите најважни потрошувачи. Денес соработуваме со производители на брза храна, ресторани и хотели во секој регион на Македонија. Конкурентоста во цените и квалитетот на прехранбените суровини кои ги нудиме се предуслов за одлична соработка, без разлика дали снабдуваме големи или мали производители со количини од нашиот асортиман.

ОДЛИЧЕН ВКУС ЗА ВАШИТЕ ПРОИЗВОДИ

Преку директна и навремена достава на Дијамант сончогледово масло, палмино масло од Малезија, Дијамант кечап и мајонез, нашата цел е да ги задоволиме потребите на секое угостителско друштво. При економичен процес на пржење со свежи и квалитетни растителни масла, нашите клиенти приготвувааат вкусни оброци за своите потрошувачи. Нашите принципи на работа се никогаш да не ги оставаме производителите без свежо масло за јадење.

НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШИТЕ ОТПАДНИ МАСЛА

За да ја подобриме вашата ефикасност во работењето нудиме целосно управување со циклусот на растителни масла, од достава на свежи масла за јадење до соодветно и навремено собирање на отпадните масла кои се отстрануваат при процесот на пржење. На овој начин им помагаме на нашите клиенти да ги вршат своите дејности согласно Законот за управување со отпад со цел да ги насочат своите ресурси кон најважните сегменти во подготовката на својата храна.

Ефикасно управување со растителни масла за јадење

  1. Понуда на квалитетни масла за јадење
  2. Приготвување/пржење на храна
  3. Собирање на отпадни масла и достава на соодветна амбалажа
  4. Дистрибутивна мрежа за собирање и транспорт на отпадни масла за јадење
  5. Складирање, преработка и третман преку загревање и филтрирање
  6. Транспорт на еко суровина за обновлива енергија до фабрика за биодизел
  7. Производство на биодизел од отпадни масла

Ги собираме вашите отпадни масла за јадење со надомест. Контактирајте не за да го подигнеме вашето отпадно масло и да ви доставиме соодветна амбалажа.