Зголемување на еколошката свест и подобрување на системите за собирање на отпадно масло: „Суниленс“ и Здружението „Гоу Грин“ започнаа соработка

Дечиња во градинка заедно со „Петко“ учат за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење
13/11/2017
Започна реализацијата на пилот проектот: „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“
13/11/2017



На 10 октомври, 2017 година, „Суниленс ДООЕЛ“, овластена компанија за управување со отпадни масла за јадење и Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина „Гоу Грин“ потпишаа Меморандум за соработка за заедничко дејствување во поглед на подигнување на еколошката свест за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата, подобрување на системите за селектирање, собирање и рециклирање на отпадно масло, како и взаемна поддршка на тековните проекти за отпадно масло кои ги реализираат: #ОдМаслоДоЕнергија и #рециклирајидонирај.

Соработката ќе се реализира преку следните активности:

  • Спроведување на заеднички обуки и предавања;
  • Соработка при подготовка на предлози за законски и подзаконски акти, технички прописи и стандарди;
  • Размена на мислења, идеи и предлози за подобрување на системот за собирање на отпадно масло за јадење;
  • Изработка и заедничко спроведување на проекти поврзани со отпадно масло за јадење;
  • Подготовка и спроведување на заеднички иницијативи за промоција на системот за собирање на отпадно масло и искористување на неговите потенцијали како ресурс, односно позитивните аспекти од рециклирањето на отпадно масло.

 

Обука за спроведување на теренско истражување на тема „Селектирање на отпад во
домаќинства со фокус на отпадното масло за јадење“

Во рамките на проектот „Од Масло до Енергија“, на 23ти октомври се одржа обука за спроведување на теренско истражување на тема „Селектирање на отпад во домаќинства со фокус на отпадното масло за јадење“. На обуката присуствуваа 15 млади волонтери кои претходно го поминаа процесот на селекција за анкетари. Целта на обуката беше младите да се обучат како се спроведува теренско истражување и да се информираат повеќе за проектот „Од Масло до Енергија“ и системот за управување со отпадно масло за јадење.

На сесијата на Андреј Гоќиќ од „Суниленс ДООЕЛ“ младите имаа можност да научат повеќе за позитивните практики при управување со отпадно масло за јадење и штетноста доколку истото не се отстранува на соодветен начин. Од 2017 година, „Суниленс“ почна со реализација на нов систем за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата. Граѓаните кои селектираат отпадно масло за јадење имаат можност да добијат половина литар сончогледово масло за јадење за секои 3 литри собрано отпадно масло или истото да го донираат до социјално загрозени семејства преку еко-хуманитарниот проект „Рециклирај, донирај“ во соработка со ЗГ „Љубезност“.

Практичниот дел од обуката за како се спроведува теренско истражување ја одржа Љупчо Кошчицовски, истражувачки аналитичар. На обуката младите научија што претставува релевантен примерок на истражување на територијата на град Скопје и како соодветно се спроведува, со цел успешна реализација на истражувањето.

Целта на проектот „Од Масло до Енергија“ е да ја развие свеста кај граѓаните за штетноста при неправилно отстранување на отпадното масло за јадење во домаќинствата, да воспостави систем за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата и да ја подобри локалната економија. Проектот е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со „Суниленс ДООЕЛ“, ЗГ „Љубезност“ и застапникот на „Baytom Machine Industry & Trade Inc“ во Република Македонија.

 

Европска недела за намалување на отпадот

Резултатите и анализите од истражувањето ќе бидат јавно презентирани во текот на Европската недела за намалување на отпадот (20 – 26 Ноември) со цел да дадат значаен придонес во сферата на управување со отпадни масла за јадење од домаќинствата преку одредување на моменталната перцепија и практиките на граѓаните генерално за отпадот во градот Скопје, како и поспецифично за отпадните масла за јадење.

На 20 ноември во ЕУ Инфор Центар ќе се одржи Јавна дебата “Дали го селектираме отпадот во нашите домови?”, како дел од „Европската недела за намалување на отпадот. На настанот ќе презентираат претставници од „Суниленс“, ЗГ „Љубезност“ и „Гоу Грин“.


sunilens-logo-final

Суниленс Дооел е компанија која има 25 годишно искуство во трговијата со рафинирани растителни масла, индустриски маргарини, прехранбени суровини и полупроизводи во Македонија. Во 2009 година Суниленс започна со собирање, складирање и третман на отпадни масла и масти за јадење од растително потекло како прва овластена и лиценцирана компанија од страна на Министерството за животна средина за оваа дејност во Македонија.

go green logo

Гоу Грин е Здружение (еколошка младинска организација) за одржлив развој и заштита на животната средина. Нивната цел е да развијат и споделат вредности и принципи за одржлив развој и да овозможат едукација и практични решенија за заштита на животната средина.

Print Friendly, PDF & Email