ШТО ДОБИВАТЕ СО СУНИЛЕНС

ЦЕЛОСНА ПОСВЕТЕНОСТ КОН ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

  • Најквалитетни суровини и полупроизводи за одличен вкус, боја, арома и изглед на вашите прехранбени производи
  • Континуиран пласман на количини според вашите производни потреби
  • Не грижете се за вашите набавки, нашиот тим е тука за вас
  • Целосна поддршка од страна на нашиот комерцијален тим задолжен за вашиот регион преку директна комуникација за цени, набавка, достава, нови производи и други важни оперативни функции
  • Ние сме ваши долгорочни партнери бидејќи вашиот успех е и наш успех

НАЈПОВОЛНИ ЦЕНИ НА ПАЗАРОТ

  • Долгогодишната соработка со нашите партнери ни овозможува да ви ги понудиме најдобрите цени на пазарот за прехранбени суровини и полупроизводи
  • Нашата цел е да ја зголемиме вашата конкурентност и ефикасност како и да ги намалиме вашите производни трошоци
  • Блиската соработка ни овозможува директно да ве известиме при промена на цените на нашите производи и да ви доставиме најповолни понуди во секој момент

ОРГАНИЗИРАН СИСТЕМ НА ДИСТРИБУЦИЈА

  • Суниленс е единствена компанија во овој сегмент со високо развиена директна дистрибутивна мрежа која ги покрива сите региони во Македонија
  • Динамика на достава по ваш избор и според вашите производни циклуси
  • Редовна и сигурна достава до вашата локација на дневно, неделно или месечно ниво

ИСКУСТВО И ПРОФЕСИОНАЛНОСТ

  • Суниленс е најпрепознатливиот бренд во трговијата со основни прехранбени артикли за индустриска употреба во Македонија
  • 25 години успешно работиме и взаемно се надградуваме со нашите клиенти од мелничко-пекарска, кондиторска, хорека, конзервна и други прехранбени индустрии во Македонија
  • Професионалноста и исполнителноста во услугите кон нашите клиенти се нашиот најголем приоритет