МЕЛНИЧКО-ПЕКАРСКА ИНДУСТРИЈА

НИЕ СМЕ ВАШИ ДОЛГОРОЧНИ ПАРТНЕРИ - ВАШИОТ УСПЕХ Е И НАШ УСПЕХ

За нас пекарството претставува комбинација од вештина, занаетчиско искуство, уметност и претприемништво. Затоа ви нудиме првокласна програма на пекарски суровини кои ќе ја зголемат вредноста и квалитетот на вашите солени и слатки пецива, кроасани, лиснати пецива, ѓеврек, леб, квасни теста и други пекарски производи како и значително ќе ја подобрат економичноста на вашата пекара.

НАЈКВАЛИТЕТНИ ПЕКАРСКИ СУРОВИНИ

Преку комуникација со вашиот систем за набавка, нашиот комерцијален тим секојдневно планира и организира ефикасен распоред за директна дистрибуција на најквалитетни пекарски суровини (растителни масла, маргарини за лиснати теста, пекарски креми и полнежи, брашно, сусам, сув кромид и други) по ваш избор и според вашите потреби. Сите индустриски суровини кои ги нудиме се произведени од искусни и реномирани фабрики со кои работиме повеќе од 20 години.

pekar1

ПРВОКЛАСНА ПРОГРАМА ЗА СЕКОЈА ПЕКАРА - 25 ГОДИНИ ИСКУСТВО

Нашето долгогодишно искуство и стекнато знаење во овој сегмент ни дава сигурност во целосната гаранција на квалитет и континуитет на услуги на долгорочна основа. Оваа индустриска програма за пекари е развиена од страна на нашиот менаџмент тим со напорна работа и истражување на пазарот во последните 25 години. Преку професионалниот однос со секој наш клиент имаме постигнато одлични резултати кај илјадници производители од мелничко-пекарската индустрија во Македонија.

pekar2