КАДЕ ЗАВРШУВА ВАШЕТО ОТПАДНО МАСЛО

Во последните 11 години собравме и преработивме над 4.840 тони отпадно масло за јадење од прехранбената и угостителската индустрија во Македонија. Започнавме со реализација на иновативен еко проект за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата, кој претставува одличен почеток за понатамошна едукација и развој на еколошките навики и кај граѓаните. Преку нашиот модерен систем на собирање, складирање, третман и пласман на отпадните масла и масти за јадење на пазарот за биодизел во Австрија, направивме значаен придонес во развојот и промоцијата на еколошки вредности, циркуларна економија и одржливи практики за чиста животна средина.

Во Суниленс сме горди со постигнатите резултати бидејќи до 2009 година воопшто не се собираа отпадните масла и масти за јадење и истите најчесто завршуваа во канализационите системи, како додаток во сточна храна или пак се исфрлаа во природата.

ЕКО СИСТЕМ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ

  1. Вршиме директна едукација и нудиме еко услуги за секој индустриски создавач на отпадни масла за јадење. Спроведуваме едукативни проекти и промотивни активности за зголемување на еколошката свест и навиките за собирање на отпадните масла кај домаќинствата
  2. Суниленс обезбедува садови, туби и канти за собирање на отпадните масла кои остануваат при готвење и пржење на храната и треба соодветно да се отстрануваат од страна на секој создавач
  3. При подигање на отпадните масла за јадење, Суниленс доставува нова и чиста амбалажа за континуирано и хигиенско собирање на отпадот
  4. Имаме високо развиена колекторска мрежа за собирање и безбеден транспорт на отпадните масла за јадење до нашиот складишен простор
  5. Вршиме преработка и третман на отпадните масла за јадење преку современ систем на загревање, филтрирање, таложење и прочистување
  6. Обезбедуваме транспорт на готова еко суровина за обновлива енергија до нашите клиенти кои произведуваат биодизел
  7. Квалитетно производство на биодизел од отпадни масла за јадење од страна на реномирани фабрики према највисоките европски стандарди EN 14214

Секој литар отпадно масло за јадење кое го собираме се рециклира во процесот на производство на биодизел и придонесува до 80% намалување на штетните CO2 гасови

ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

Како општествено одговорна компанија ние сме целосно посветени кон примена на одржливи практики за добивање на обновлива енергија од отпадни масла за јадење, односно циркуларна економија. За да ја зголемиме нашата ефикасност и економичност, произведуваме биодизел од отпадни масла за јадење кој го користиме само за наши сопствени потреби (транспорт и топлинска енергија).

Целта на нашиот еко систем на работа е да придонесе во развојот на циркуларна економија која ќе ги замени сегашните економски практики каде ресурсите се користат линеарно и еднонасочно со економски систем каде собирањето, преработката и рециклирањето на ресурсите имаат висока вредност. Овој пристап ја зголемува продуктивноста на општеството, ја намалува потребата за користење на комплетно нови ресурси и овозможува подобро решавање на проблемите со недостатокот на ресурси кој се предвидува во иднина.

ОД ОТПАД ДО БИОГОРИВА

Што претставува биодизел?

Биодизел е вид на биогориво кое претставува алтернатива на фосилните горива и значително ги намалува штетните CO2 гасови. Се произведува од масло од репка и преку рециклирање на отпадни масла и масти за јадење.

Карактеристики и влијание врз животната средина

Биодизелот е обновлив и одржлив извор на енергија кој не содржи сулфур. Ова еколошко гориво се произведува од отпадни масла за јадење кои претходно биле неконтролирано фрлани во природата а сега се користат како еко суровина за негово добивање. Поради својата биоразградлива природа и ниски емисии на штетни гасови, биодизелот е корисен за природата.

Ги собираме вашите отпадни масла за јадење со надомест. Контактирајте не за да го подигнеме вашето отпадно масло и да ви доставиме соодветна амбалажа.

Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, нашиот тим ќе ви одговори на сите ваши прашања.

Дознајте повеќе за...