ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

НИЕ СМЕ ВАШИ ДОЛГОРОЧНИ ПАРТНЕРИ - ВАШИОТ УСПЕХ Е И НАШ УСПЕХ

Производителите на ајвар, кроасани, чипс, суви колачи и други производи имаат посебни специфики и техники на работа. Нашата главна цел за ваквиот тип на клиенти со големи капацитети е да понудиме ефективна динамика на достава на индустриски суровини (сончогледово масло, маргарин за лиснато тесто, палмино масло и палмина маст) во количини и амбалажа според нивните производни потреби.

ДИНАМИКА НА РАБОТА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

Суниленс има голем капацитет за складирање на индустриски суровини што ни овозможува да обезбедиме континуиран пласман кој ќе ја задоволи побарувачката кај прехранбените производители во Македонија. Со овој начин на работа ние сме целосно посветени кон производните процеси и стандардите на работа на нашите клиенти.

Нашето искуство во трговијата со основни прехранбени артикли за индустриска употреба ни овозможи да создадеме најсовремени системи за складирање и точење на сончогледово масло со високи професионални стандарди. Овие услови ни овозможуваат да им понудиме на нашите големи индустриски потрошувачи соодветно пакување на Дијамант сончогледово масло во тонски канистри по најповолни цени на пазарот.