ВИЗИЈА

Суниленс поттикнува претприемачки дух, нови идеи и континуирана надградба на своите капацитети и дејности. Ние веруваме во нашиот тим и сите вработени кои ја креираат нашата успешна приказна. Воведување на најсовремени практики и професионални стандарди во работењето, обезбедување на најповолни услови за нашите вработени и задржување на највисоко ниво на општествена одговорност се нашиот двигател за напредок и успех.

Во трговијата со прехранбени суровини, нашата визија е:

  • Да обезбедиме највисоко ниво на квалитет на нашите услуги со цел да ги задоволиме потребите на секој домашен прехранбен производител.
  • Да понудиме суровини и полупроизводи по најповолни цени на пазарот за да ја зголемиме конкурентноста на нашите клиенти.
  • Да обезбедиме брза, ефикасна и навремена достава на нашата палета на производи низ цела Македонија.
  • Да ги прошириме нашите индустриски програми со нови суровини и полупроизводи кои ќе го зголемат квалитетот на производите на нашите клиенти и нивната побарувачка.
  • Да ги надградиме нашите оперативни и технички капацитети за поквалитетен и поефикасен пакет на услуги и производи за нашите клиенти.

Во управувањето со отпадни масла за јадење, нашата визија е:

  • Да обезбедиме модерен и сигурен систем за управување со отпадни масла за јадење.
  • Да ја подигнеме свеста на сите корисници и потрошувачи дека отпадните масла за јадење се едни од најголемите загадувачи на животната средина.
  • Да создадеме најдобри услови за собирање, складирање и третман на отпадните масла за јадење кои ќе овозможат нивно понатамошно искористување при процесот на производство на биодизел.
  • Да понудиме квалитетен и ефикасен систем за собирање на отпадни масла на секој создавач на овој отпад во Македонија.
  • Да реализираме нови проекти и едукативни кампањи за собирање на отпадни масла за јадење од домаќинствата и креирање на нови еколошки вредности.
  • Да инвестираме во нови системи и модели за управување со други видови на неопасен отпад и добивање на обновлива енергија за придонес кон зелена економија.