КОЛЕКТОРСКА МРЕЖА

Суниленс е најголемиот собирач на отпадни масла за јадење во Македонија со сопствена колекторска мрежа од специјализирани возила наменети за директни логистички услуги до секој создавач на употребени масла. Нашиот иновативен и сигурен систем на собирање се состои од модерен возен парк и професионално обучен тим за управување со отпад.

ДИНАМИКА НА СОБИРАЊЕ ПРЕМА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

Ви нудиме практични решенија за управување со циклусот на отпадните масла за јадење кои ги создавате при вршење на вашата дејност. Без разлика колкави се вашите капацитети, ние ги прилагодуваме нашите еко услуги према вашите потреби односно према количините на отпадни масла за јадење кои ги создавате.

НАЦИОНАЛНА ПОКРИЕНОСТ

Еко услуги за собирање и рециклирање на отпадни масла за јадење во сите региони на Македонија.

Каде и да се наоѓа вашата локација, нашата колекторска мрежа ни овозможува веднаш да ве посетиме, да ви го објасниме нашиот процес на собирање и да ви понудиме брзи и ефикасни еко услуги.

КОНТИНУИРАНА НАДГРАДБА ЗА ПОДОБРИ ЕКО УСЛУГИ

Согласно европските стандарди и новини во управувањето со отпад, ние постојано вложуваме во додатни обуки на нашите вработени и системско подобрување на техничките, оперативните и логистичките капацитети во управувањето со отпадни масла за јадење.

Ги собираме вашите отпадни масла за јадење со надомест. Контактирајте не за да го подигнеме вашето отпадно масло и да ви доставиме соодветна амбалажа.

Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, нашиот тим ќе ви одговори на сите ваши прашања.

Дознајте повеќе за...