РАСТИТЕЛНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ

РАФИНИРАНО СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО

Sunflower-Oil-Dijamant-1

Пакување: 10 лит. пластична туба
Бренд: Дијамант
Потекло: Србија

Sunflower-Oil-Dijamant-1000-l-pakage

Пакување: 1000 лит. канистер
Бренд: Дијамант
Потекло: Србија

Сончогледовото масло со децении е основен производ на фабриката Дијамант. Ова масло за јадење се добива преку рафинирање на сончогледово масло од сончогледови семиња со највисок квалитет. Содржи висок процент на незаситени есенцијални масни киселини, витамин Е и други природни состојки. Сончогледовото масло е основен производ во прехранбената индустријата. Се користи во мелничко-пекарска, кондиторска, хорека, конзервна и многу други индустрии. Во текот на последните 25 години Дијамант сончогледовото масло стана синоним за квалитет кај нашите клиенти и денес е еден од нашите најпродавани производи.

За да ги задоволиме потребите на сите наши клиенти, Дијамант сончогледовото масло се нуди во две пакувања наменети за мали и за големи индустриски потрошувачи.

РАФИНИРАНО ПАЛМИНО МАСЛО

Palm-Olein-Tins-1-Malasya

Пакување: 20 лит. лимени канти
Бренд: КИТРА
Потекло: Малезија

Palm-Olein-bag-in-boxes-Malasya

Пакување: 20 лит. ќеси
Бренд: КИТРА
Потекло: Малезија

Palm-Olein-Tins-3-Malasya

Пакување: 20 лит. лимени канти
Бренд: ОКИ
Потекло: Малезија

Рафинираното палмино масло е одлично за длабоко пржење на храна. Ова растително масло со висок квалитет, отпорност на оксидација и температурна издржливост е еден од нашите најпродавани производи кај угостителите низ цела Македонија. Палминото масло има светла боја, нема холестерол и ја одржува својата природна арома за време на пржење и готвење. Со него може да се пржи два пати подолго отклоку со други видови на масла за јадење.

КИТРА и ОКИ се препознатливи брендови кај секој ресторан, сендвичара и хотел во Македонија. Нашите капацитети на палмини масла и пристапните цени кои ги нудиме ги задоволуваат потребите и на голем број на производители на чипс и грицки. За да се прилагодиме според навиките и потребите на секој наш клиент, палминото масло го нудиме во два типа на пакување соодветно за различни периоди од годината и во зависност од производните процеси на клиентот. Палмините масла ги продаваме на македонскиот пазар 20 години.

ПРАВИЛНОТО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДНИТЕ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ Е ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС КОН ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА И ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Маслата за јадење треба редовно да се менуваат при приготвување на храната. Повеќекратната употреба на маслата за јадење е штетна по здравјето, додека несоодветното отстранување на отпадните масла сериозно ја загадува природата и околината во која живееме.

Ефикасно управување со растителни масла за јадење

  1. Понуда и достава на квалитетни растителни масла за јадење
  2. Приготвување/пржење на храна
  3. Собирање на отпадни масла и достава на соодветна амбалажа
  4. Дистрибутивна мрежа за собирање и транспорт на отпадни масла за јадење
  5. Складирање, преработка и третман преку загревање и филтрирање
  6. Транспорт на еко суровина за обновлива енергија до фабрика за биодизел
  7. Производство на биодизел од отпадни масла

Ги собираме вашите отпадни масла за јадење со надомест. Контактирајте не за да го подигнеме вашето отпадно масло и да ви доставиме соодветна амбалажа.