КОНДИТОРСКА ИНДУСТРИЈА

НИЕ СМЕ ВАШИ ДОЛГОРОЧНИ ПАРТНЕРИ - ВАШИОТ УСПЕХ Е И НАШ УСПЕХ

Кондиторијата навистина претставува умешност во приготвувањето на уникатни креации кои преку својот префинет вкус, арома и изглед привлекуваат многубројни потрошувачи. Ние се трудиме да ги задоволиме потребите и техниките на работа на секој кондиторски производител преку каталог на основни индустриски суровини и полупроизводи кои се мошне значајни за подготовка на разни видови на суви и кремасти колачи, традиционални македонски слатки, кекси, креми, торти и други слатки деликатеси.

ПОВОЛНИ ЦЕНИ И КВАЛИТЕТ ЗА ВАШИТЕ СЛАТКИ

Нудиме квалитетна палета на индустриски артикли (маргарини за креми, нишесте, растителни масти, слатка павлака и масла) по најниски цени и со директна достава до секој кондиторски производител во Македонија. Блиската соработка со секој наш клиент и фидбекот кој го добиваме на дневна основа ни дава можност за континуирана надградба преку проширување на нашата кондиторска програма со нови суровини, а се со цел да го подобриме успехот и производната палета на нашите кондиторски потрошувачи.

konditorska1