ПРЕХРАНБЕНА И УГОСТИТЕЛСКА ИНДУСТРИЈА

Не грижете се за отпадните масла за јадење, нашиот тим е тука за вас

За да ја подобриме вашата ефикасност во работењето нудиме еко услуги за целосно управување со отпадните масла за јадење кои ги создавате при процесот на пржење и готвење, од достава на туби и садови за складирање на отпадот до редовно и сигурно собирање према вашите потреби и циклуси на менување на маслата.

ШТО ДОБИВАТЕ СО СУНИЛЕНС

ЕКО УСЛУГИ ПРЕМА НАЈВИСОКИ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

  • Пакет на еко услуги за управување со отпадните масла за јадење кои ги создавате при вршење на вашата дејност
  • Исплаќање на соодветен надомест за секоја подигната количина на отпадно масло
  • Достава на бесплатна и чиста наменска амбалажа за хигиенско складирање на отпадот према вашите потреби и складишни капацитети (садови, канти, туби, буриња и канистри)
  • Намалување на вашите трошоци во работењето преку редовно и хигиенско собирање и безбедно отстранување на вашиот отпад
  • Целосна поддршка од нашиот професионален тим преку динамика на собирање прилагодена према вашите потреби на дневно, неделно или месечно ниво
  • Транспортни формулари за секоја предадена количина на отпад согласно со Законот за управување со отпад кои ќе ви обезбедат целосно покритие пред надлежните инспекциски органи за вашата дејност и обврските кои ги имате за легално отстранување на отпадните масла за јадење
  • Колекторска мрежа за собирање во секој регион од државата, достапна директно до вашата локација
  • Еколошки стандарди во работењето и практики на општествена одговорност за заштита на животната средина
  • Едукативни совети за соодветно користење на растителните масла за јадење и прописно отстранување на отпадните масла
  • Деветгодишно искуство и професионалност како прва овластена компанија за управување со отпадни масла и масти за јадење од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Сертификација за квалитет според ISCC EU системот и Директивата за обновлива енергија 2009/28/EC

ОТПАДНОТО МАСЛО Е ЕКО СУРОВИНА ЗА БИОГОРИВО

ЗОШТО НАШИТЕ КЛИЕНТИ ГИ КОРИСТАТ НАШИТЕ ЕКО УСЛУГИ?

Преку нашиот систем за управување со отпадно масло им помагаме на нашите клиенти да ги остварат своите долгорочни цели за општествена одговорност, највисоки еко стандарди во работењето како и примена на зелена економија.

Заедно придонесуваме до почиста животна средина и подобра иднина

Некои од компаниите кои ги користат нашите еко услуги за собирање на отпадно масло:

logoa-klineti-azurirano

Нашите еко услуги ги користат преку 850 ресторани, хотели, сендвичари, пабови, супермаркети, производители на чипс, кондиторски и други видови на прехранбени производи.

Ги собираме вашите отпадни масла за јадење со надомест. Контактирајте не за да го подигнеме вашето отпадно масло и да ви доставиме соодветна амбалажа.

Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, нашиот тим ќе ви одговори на сите ваши прашања.

Дознајте повеќе за...