ПИЛОТ ПРОЕКТ ВО ОХРИД

Суниленс ДООЕЛ и Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Охрид во Декември 2012 година започнаа со реализација на еколошки пилот проект „Собирање на отпадни масла за јадење од домаќинствата“. Овој пилот проект стартуваше по постигнатите успешни резултати во собирањето на отпадните масла за јадење од правните субјекти, што започна во 2009 година во градот Охрид.

Проектот официјално започна на 13.12.2012 година со одржан прес во просториите на Општина Охрид на кој беа присутни претставници од Секторот за урбанизам и заштита на животната средина, претставници од Министерството за животна средина, претставници од Суниленс, локални еколошки друштва, медиуми како и заинтересирани граѓани од градот Охрид. Претставниците од Суниленс го објаснија начинот на кој ќе се собира употребеното масло за јадење, неговото понатамошно третирање и прописно отстранување во системот за управување со отпад на компанијата. Исто така, тие посочија на важноста за создавањето на навики за собирање кај секое домаќинство како и подигнувањето на јавната свест кај граѓаните за негативните влијанија на овој отпад врз животната средина.

„Намерата е да се создаде навика кај домаќинствата да не го фрлаат маслото во канализација или во дворовите, туку да го третираат на овој начин со што ќе придонесат кон заштита на животната средина“ – изјави Хавза Реџеп Какел од општинскиот Сектор за заштита на животната средина.

Во рамките на проектот се набавија 400 пластични садови од 3 литра кои се поделија на граѓаните на градот Охрид. Cо поддршка од претставниците од Општина Охрид се реализираа четири акции за собирање на отпадни масла за јадење од страна на Суниленс како овластен собирач. Преку овие акции се поделија 500 флаери со промотивно-едукативна содржина и се собраа околу 150 килограми отпадно масло за јадење од совесни граѓани кои прописно го селектираа и отстрануваа маслото. Целиот проект беше покриен од медиумите, што исто така придонесе за промоција на еколошки практики за соодветно собирање на отпадните масла за јадење.

Нашата соработката со заинтересираните граѓани кои создадоа навики за селектирање и собирање на отпадните масла за јадење како резултат на овој проект продолжува. Во наредниот период планираме реализација на нови проекти и едукативни кампањи за масовно поттикнување на домаќинствата да ги собираат отпадните масла за јадење и да направат значаен придонес кон почиста животна средина.

За да ги видите медиумските објави за овој проект, посетете го делот:

За да ги видите медиумските објави за овој проект, посетете го делот:

Ги подигаме вашите отпадни масла за јадење и доставуваме наменски садови за собирање.

Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, нашиот тим ќе ви одговори на сите ваши прашања. Контактирајте не преку:

Дознајте повеќе за...