Како да бидеме eco-friendly и свесни за животната средина?

СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДНО МАСЛО: РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ „РЕЦИКЛИРАЈ И ДОНИРАЈ“
29/12/2018
Биомаса и биогорива: Од отпад до енергија
13/02/2020

Но, што всушност претставува екологијата во нашиот секојдневен живот? Дали сме доволно свесни колку важен фактор е еколошката свест за квалитетот на нашето живеење ?

Секој од нас во текот на денот произведува одредена количина на отпад и сите ние користиме производи и материјали кои не секогаш завршуваат на правото место.
Замислете каква разлика би било за околината доколку ќесата во која сте го купиле сендвичот на пауза од работа е правилно селектирана и спремна за рециклирање.

Или пак, колку зелена површина и чиста вода би жртвувале доколку отпадното масло за јадење не го селектирате и складирате правилно и совесно?

Статистички гледано, еден човек просечно ги создава следниве количини на отпад во текот на една година:

  • 11 кг канцелариска хартија
  • 9 кг хартиени чаши и чинии
  • 12 кг алуминиумски конзерви
  • 34 кг пластични шишиња
  • 40 кг облека и чевли
  • 34 кг картонски кутии

Економските и еколошките штети доколку овој отпад не се преработи, ре-употреби, рециклира или соодветно отстрани може да бидат сериозни. Нашето здравје, живеалиштата на животните како и растителниот свет  се загрозуваат со тоа што природните еко- системи страдаат и се натрупуваат со отпад.

Но, што всушност претставува екологијата во нашиот секојдневен живот? Дали сме доволно свесни колку важен фактор е еколошката свест за квалитетот на нашето живеење ?

Секој од нас треба да води сметка и да се грижи да допринесе за еден подобар и поздрав зелен свет бидејќи планетата Земја е нашиот дом за којшто сме сите индивидуално и колективно одговорни.

Со овој еко-план составен од 10 чекори би биле чекор поблиску до eco-friendly живот и еколошка свест на високо ниво:

  1. Селектирајте го отпадот правилно!
    Насекаде се поставуваат посебни канти и контејнери за селектирање на пластика, хартија, алуминиум, па затоа погрижете се овој отпад да го добие своето место. Старата облека носете ја до контејнерите за донации, отпадното масло собирајте го во пластичните Sunilens кантички, храната компостирајте ја…
  2. Пазарете онолку колку што ви е потребно! Се што е вишок претставува отпад или материјал кој подоцна се претвора во отпад. А секако ќе заштедите и доста простор и време.
  3. Паметно користете ја електричната енергија!
    Не ги оставајте вклучени светлата и препаратите во домаќинството користете ги само по потреба.
  4. Користете хартиени ќеси и метални сламки!
    Хартиените ќеси можат да се рециклираат, додека металните сламки се алтернатива за пластичните кои се тешки за преработка.
  5. Поправете и ре-употребувајте, не фрлајте!
    Секогаш кога има начин нешто да се врати во употреба или пак да се пренамени, обидете се да е така наместо да го пријавите како отпад.
  6. Што помалку автомобили!
    Иако во денешницата е тешко да се завршуваат обврски без автомобил, обидете се да пешачите или да го возите вашиот велосипед, ако ништо друго придонесувате и во вашиот фитнес дух. И автобусите се одлична алтернатива.
  1. Засадувајте барем по 3-4 дрвца годишно!
  2. Елиминирајте ја пластиката што е можно повеќе!
  3. Водата е извор на живот, трошете ја паметно и совесно!
  4. Бидете пример за тие околу вас затоа што ние сме единствените кои можеме да ја зачуваме животната околина чиста, одржлива и сигурна за живот.