СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДНО МАСЛО: РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ „РЕЦИКЛИРАЈ И ДОНИРАЈ“

Економијата врти круг за спас на околината
26/12/2018
Како да бидеме eco-friendly и свесни за животната средина?
20/05/2019

Еко системот за собирање на отпадно масло од домаќинствата, еко-хуманитарниот проект #рециклирајидонирај и нашата соработка со Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness, досега ги генерираа следниве еколошки и социо-економски резултати:

  • Вкупно собрано отпадно масло од домаќинства: 2.813,5 кг. (или 2.8 тони)
  • Вкупно донирано сончогледово масло од домаќинствата преку „Рециклирај и донирај“: 266,5 лит.
  • Поделени 3 лит. кантички за собирање на отпадно масло до домаќинства: 1900
  • Редовни собирачи од домаќинствата: над 460
  • Вкупно донации од Sunilens до „Љубезност“: 666 лит. сончогледово масло

Голема благодарност до Анита Никушева и МРТВ за видео прилогот и поддршката за овие еколошки проекти.