Економијата врти круг за спас на околината

ШТО Е ОТПАДНО МАСЛО, КАКО СЕ СОБИРА И РЕЦИКЛИРА?
29/11/2018
СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДНО МАСЛО: РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ „РЕЦИКЛИРАЈ И ДОНИРАЈ“
29/12/2018

За се што се фрла, некаде во светот има компанија што сака да го собере и да направи нешто корисно од него. Овие бизнис модели се почесто ги сретнуваме и кај нас.

Кога ќе се каже дека некој живее од она што другите го фрлаат, обично се мисли на најсиромашните слоеви од населението. Но во земјава веќе има десетина компании што се занимаваат со отпадни материјали, со секундарни суровини, односно со враќање на она што било фрлено назад во економијата. Стотици луѓе секое утро одат на работа во овие компании и обезбедуваат приходи за нив и за нивните семејства.
Ѓубре е само она што ќе дозволиме да заврши како ѓубре, се друго е ресурс, ќе речат поборниците на кружната економија.  Концептот што бил зачнат уште во 1960-тите го добил своето конечно дефинирање во доцните 1980-ти и во раните 1990-ти. Ја промовирале економисти што аргументирале дека нема одржливост само со т.н. линеарна (праволиниска) економија која работи по принципот „земи, искористи, фрли“, и дека поради тоа производството мора да се врти во круг (оттука и терминот кружна, односно циркуларна економија).
„Од почетокот на индустриската револуција, економијата се гледа како процес на екстакција на достапните природни ресурси, нивна преработка, обликување во финални производи или полупроизводи, дистрибуција и употреба, и на крајот нивно одлагање на депонии и ѓубришта. Таквиот модел во економијата е препознаен како „линеарен модел на економија“ во кој главната парадигна гласи: земи-направи/користи – одложи – фрли. Значи, во линераниот модел на еконимијата, после истекот на „животнито век“ на производите, истите долго време се одлагаа на депониите (ѓубриштата), а заедно со експлоатацијата на природните реусрси се зголемуваше генерираниот отпад“, вели Душко Христов, претставник на проектот„ЕНВ.нет го факторизира портфолиото за животната средина на Западен Балкан и Турција во агендата на политиките на ЕУ“, финансиран од Европската комисија.
Затоа, додава Христов, децении наназад линерната економија доби свој сопернички коцепт, во кој наместо движењето на материјата и енергијата во еден правец, го застапува моделот на кружно движење на енергијата и материјата, а во поголемиот дел од светот познат како циркуларна економија. Накратко, кружната економија подразбира кружење на материјалите и нивна повторона употреба, при што се користи драстично помалку енергија и вода (во некои случаи и повеќе од 90 отсто).
За жал, во нашата земја и натаму преголем дел од економијата се движи по правата линија – земи, искористи, фрли. Со тоа се пропуштаат големи можности за уште поголем економски обрт и уште повеќе вработувања. Штетата не е само во пропуштените економски можности, туку и во загадувањето што го врши линеарната економија. Тоа предизвикува уште поголеми штети, а за справувањето со последиците се трошат дополнителни суми пари.
Сепак, неколку компании веќе со години го пробиваат мразот и се обидуват да ја вратат економијата во круг. Од пластика и стакло до отпадни масла, тие гледаат ресурс каде што другите гледаат извор на загадување.

Активизам во бизнисот

Активистичкиот пристап на дел од овие компании е илустрација за тоа како кружната економија ги спојува јавниот интерес и бизнис интересот. Концептот е едноставен, колку повеќе тие ќе ги убедат луѓето да им го дадат својот отпад за да го преработат, толку помалку отпад ќе заврши во природата, и толку помало ќе биде загадувањето на околината. Во спротивно, штетните последици ќе ги чувствуваме сите.
Токму ова е концептот што го применува „Суниленс“, компанија што 25 години се занимава со продажба на масла и други суровини за потребите на прехрамбената индустрија, а во последниве девет години го има променето својот начин на стопанисување од праволиниски во кружен. Сега ги собира отпадните масла од оваа индустрија, ги складира и ги пласира на пазарот за биогорива. Користа е повеќекратна – помалку отпадно масло исфрлено во природата, повеќе произведен биодизел чие согорување испушта помалку штетни гасови во атмосферата во споредба со обичниот дизел, и секако приходи за компаниите што го раководат целиот процес.
„Досегашниот резултат за периодот од 2009 до 2018 година покажува дека вкупно сме собрале и рециклирале над 3.100 тони отпадно масло за јадење. Вкупно собраното количество отпадно масло од домаќинствата е 2,6 тони (2.615 килограми), а вкупно преку проектот „рециклирај и донирај“ се донирани 247 литри масло за јадење. Имаме околу 1.500 собирачи од домаќинствата“, вели Андреј Ѓокиќ од „Суниленс“.
За да го зголеми опфатот на собрано отпадно масло за јадење, компанијата применува класична еколошка кампања, им укажува на луѓето колку е штетно тоа да се фрли во канализацијата или заедно со другиот отпад. Како што објаснуваат од „Суниленс“, при готвењето растителните масла ги менуваат своите молекуларни својства, добиваат темно кафена боја и остар мирис, и затоа се препорачува да не се реупотребуваат. Но зошто не треба да се исфрлаат во канализацијата? Кога се употребени, тие се стврднуваат на пониски температури и ги затнуваат канализациските системи, што може да предизвика загадување во урбаната средина. Ако преку канализацијата сепак стигнат до реките и езерата, штетата е уште поголема. Еден литар масло може да загади еден милион литри вода, бидејќи тоа се шири на површината во тенки и широки мембрани. Отпадното масло ја спречува фотосинтезата и штетно влијае на целиот жив свет, и растителен и животински.
Решението – да се врати во економскиот круг и да се претвори во нешто употребливо.

Неограничен круг

Еден од материјалите што уште одамна се реупотребува и рециклира и во светот и кај нас е стаклото. Но и покрај тоа, над 40 илјади тони отпадно стакло годишно завршува на депониите во земјава. Тоа е голема штета бидејќи стаклото може да се рециклира безброј пати и повторно да стане амбалажа, со минимална потрошувачка на енергија и со минимални последици по околината. Далеку помали отколку натрупувањето стаклен отпад во природата.
Фрленото стакло нема да ја загади околината или да предизвика штетни последици за човековото здравје. Но како цврст отпад тоа го спречува растот на растенијата. Освен тоа, колку повеќе стакло се фрла, толку повеќе има потреба да се произведува ново стакло, а ова е индустрија која испушта големи количества штетни гасови во атмосферата.
Во нашата држава, „Акрон“ е компанија чија работа е да го врати отпадното стакло назад во употреба, односно да го заврти овој дел од економијата во круг. Тие го земаат стаклото од колективниот постапувач „Пакомак“, кој месечно собира над 80 тони стаклени шишиња. Како што објаснуваат од „Акрон“, во земјава се уште не се топи стаклото, туку се дроби и се извезува, откако претходно ќе се селектира по боја. Во фабриките ова стакло се меша со силикат за да се добие ново стакло.
На овој начин, еден тон рециклирано стакло заштедува 42 киловат-часови електрична енергија, 19 литри нафта, два кубни метри депониски простор, 603 килограми песок, 196 килограми сода, 196 килограми варовник и 70 килограми фелдспат. Сето тоа е заштеда од само еден тон. Тоа значи дека оние 40.000 тони фрлени во депониите низ земјава предизвикале да се потрошат 1.680 мегават-часови струја и 760 илјади литри нафта.

Долга и мачна борба

Материјалот што стана симбол бидејќи го вклучи алармот за рециклирање е пластиката. Нејзините штетни својства во комбинација со неверојатно долгиот век на распаѓање предизвикуваат еколошки катастрофи насекаде низ планетата. Иако преработката на отпадната пластика се претвори во огромен бизнис на глобално ниво, сепак човештвото е се уште далеку од целосен спас од пластичната закана.
„Гринтех“ е една од компаниите што станаа дел од решението на овој проблем. Како дел од романската групација „Грин груп“ тие работат во земјава уште од 2007 година, а месечно откупуваат и рециклираат околу 500 до 700 тони пластика во четири земји од регионот каде што работат, освен кај нас уште и во Албанија, Црна Гора и Косово. „Гринтех“ применува сличен активистички пристап како и други компании што се занимаваат со отпадни материјали, активно учествува и поддржува различни манифестации за заштита на животната средина за да влијае на свеста на луѓето дека отпадот, вклучувајќи ја и пластиката, не смее да заврши во природата.
Годишно во светот се произведуваат околу 300 милиони тони пластика. Тоа покажува колку е голем предизвикот на компаниите, организациите и на институциите што се грижат таа да не заврши како загадувач на животната средина.

Ekologist.mk

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1