Децата од градинките учат за собирање и рециклирање на отпадното масло за јадење

Колку е штетно отпадното масло по нашето здравје и животната средина?
10/09/2018
Едукативна еко работилница во ОУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров
03/10/2018

Преку еко-едукативниот проект на компанијата „Суниленс“, околу 4500 деца од 4-6 години ќе се запознаат со темата – отпадни масла за јадење, начинот на кој тие се селектираат, собираат и рециклираат и како овие практики ја заштитуваат животната средина.

Пилот проектот насловен како „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“ кој почна минатата година во октомври во градинките „Орце Николов“ и „Корчагин“, реализиран од компанијата „Суниленс“, во соработка со „ОХО“, опфати 450 деца и наиде на позитивен прием од страна на воспитувачките, децата и родителите.

Со почетокот на новата учебна година истиот ќе се спроведе во сите детски градинки на територија на општините Центар, Карпош, Гази Баба и Аеродром или 11 централни градинки со вкупно 43 објекти. Преку оваа еко-едукативна програма околу 4500 деца од 4-6 години ќе се запознаат со темата – отпадни масла за јадење, начинот на кој тие се селектираат, собираат и рециклираат и како овие практики ја заштитуваат животната средина.

Со цел приближување на темата до децата на соодветен и интересен начин, главен лик во промотивните и едукативни материјали е Петко од детската емисија 5+. Воспитувачките ќе користат специјално изработен прирачник кој ја обработува оваа тема и им нуди неколку предлози и решенија со цел да им го олесни процесот на едукација преку оваа тема. Преку забавни едукативни активности и боенки со ликот на Петко децата ќе научат сѐ што е потребно за отпадните масла, односно дека исто како и хартијата и пластиката, и маслото што останува како отпад при готвењето може да се рециклира во обновлива енергија. Отпадното масло треба да се собира во посебни кантички и на тој начин ѝ помагаме на природата, го намалуваме загадувањето на животната средина и ги заштитуваме почвата и водите.

„Бидејќи воспитувачките се во директен контакт со децата и најдобро знаат како да им пренесат едукативни информации преку нивното искуство, креативност и секојдневна комуникација, тие се најважната алка во овој проект. Нивната комуникација со родителите е исто така круцијална за да им ги пренесат позитивните аспекти од оваа програма за нивните деца“, изјави Андреј Ѓокиќ, менаџер за развој и управување со отпад во Суниленс.

Истовремено, со цел заокружување на едукативната, но и практична компонента за правилно третирање на отпадното масло, родителите ќе имаат можност да се вклучат во проектот „Рециклирај и донирај“ („Суниленс“ и ЗГ „Љубезност“) преку собирање на отпадно масло за јадење во нивните домови.

„Покрај еко едукацијата на децата, од многу значаен аспект ќе биде што повеќе родители да се приклучат во нашиот систем за собирање на отпадно масло од домаќинствата за да им покажат на своите деца како правилно и еколошки се собира овој отпад дома. Заедно со ОХО, веќе ги направивме првите презентации пред родителите во дел од градинките каде се поделија и значителен број на кантички за собирање на отпадно масло. Сите заинтересирани родители кои сакаат да почнат да собираат отпадно масло ќе треба да се пријават во својата градинка и да подигнат 3-литарска кантичка за собирање на отпадно масло.

Откако ќе биде наполнета кантичката, родителите ќе треба да не контактираат преку телефонските броеви кои се изложени на самата кантичка. Потоа нашиот професионален тим ќе ги посети да ја подигне собраната количина и да им достави нов и чист сад. Секој собирач ќе добие половина литар сончогледово масло за готвење како додатна мотивација за понатамошно собирање. Половината литар сончогледово масло, домаќинствата ќе може да го задржат за себе или да го донираат преку акцијата „Рециклирај и донирај“ до социјално загрозени семејства“, вели Ѓокиќ.

Проектите „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“ и „Рециклирај и донирај“, директно го поддржуваат и се дел од новиот систем за собирање на отпадно масло од домаќинствата на компанијата „Суниленс“.

„Се надеваме дека ваквите комплементарни едукативни цели и конкретни еколошки активности кои ги спроведуваме ќе придонесат за зголемување на еколошката свест и навиките за собирање на отпадно масло кај населението, а пред сѐ, кај најмладите генерации. Бидејќи кога најмладите креативно ќе ја поддржат, надополнат и прошират визијата за чиста животна средина, тогаш нема граници за сѐ што може да се постигне”, додава г. Ѓокиќ.

Мајка и дете

Plusinfo

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1
Print Friendly, PDF & Email