Поради несоодветното отстранување на отпадните масла за јадење, тие се најчест причинител за загадување на водата, почвата и на 1/4 од сите загадувања
Неодамна почна акцијата „Рециклирај и донирај“ како резултат од соработката помеѓу компанијата „Суниленс“ и здружението „Љубезност“ чија цел е секоја капка отпадни масла од домаќинствата да се собере и рециклира, односно да заврши како готова еко суровина во производството на биодизел, наместо да се фрла во одводите и во природата.
Хуманитарниот дел од акцијата се должи на можноста секој собирач да направи донација на сончогледовото масло кое од „СУниленс“ го доделуваат како мотивација за собирањето, до социјално загрозени семејства преку здружението „Љубезност“.
За акцијата и воопшто за еко-мисијата на оваа компанија чија основна дејност е трговијата со рафинирани растителни масла, индустриски маргарини, прехранбени суровини и полупроизводи, разговаравме со менаџерот на Суниленс Андреј Ѓокиќ.