Охрид собра 40 тони отпадно масло

13/12/2012
Во Охрид собрани 40-тина тони отпадно масло
12/12/2012
Охридските домаќинки добија канти за одлагање на искористено масло од готвење
13/12/2012

Во рамките на „Проектот за собирање отпадни масла генерирани при подготовка на храна“ што го спроведува секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Охрид, од втората половина на 2009 до октомври годинава се собрани околу 40 тони отпадно масло.

Станува збор за отпаден зејтин, собран од хотелите, рестораните, сендвичарниците и други правни субјекти што секојдневно создаваат таков вид отпад. Целта на овој проект е употребеното масло да не се фрла заедно со останатиот комунален отпад и на тој начин да се спречи загадување на животната средина.

Собирањето на отпадното масло почна во соработка со овластената фирма „Суниленс“ која од Министерството за животна средина има дозвола за собирање, складирање и третман на тој вид отпад.

Од општинскиот сектор за урбанизам и заштита на животната средина најавуваат дека продолжуваат со активностите, со следен чекор собирање отпадно масло од домаќинствата.

За таа цел, вчера на стотина домаќинства им беа поделени по една пластична канта од по три литри, наменета исклучиво за собирање отпаден зејтин.

Општинските власти ги повикуваат сите заинтересирани домаќинства за собирање на отпадното масло да се обратат во секторот за урбанизам и заштита на животната средина, за организирање на активностите насочени кон собирање на таков вид отпад.

Дневник

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1