Фото: Facebook
Денеска е официјалното отворање на Европската недела за помалку отпад, како и јавната дебата – Дали го селектираме отпадот во нашите домови.
Јавната дебата претставува дел од Гоу Грин проектот Од масло до енергија поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со овластената компанија за управување со отпадни масла за јадење Суниленс ДООЕЛ и здружението на граѓани Љубезност.
Од 20-ти до 26-ти ноември ќе се организираат стотици настани ширум Европа како дел од Европската недела за помалку отпад (EU Week for Waste Reduction). Европската недела за намалување на отпадот (EWWR) е иницијатива насочена кон промовирање на дијалог и активности за подигање на свеста за одржливо управување со ресурси и управување со отпадот која охрабрува широк спектар на учесници (јавни власти, приватни компании, граѓанско општество) и иницира нивно вклучување во програмата.