ТРЕТА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАДНО МАСЛО-НАРЕДНИТЕ ЌЕ СЕ ОДВИВААТ СО ИЗМЕНИ

04/06/2014
Денеска се собира стара хартија и отпадно масло од домаќинствата
04/06/2014
Се поголем број охриѓани правилно го третираат употребеното отпадно масло
04/06/2014

Трета акција за собирање на отпадното масло од охридските домаќинства. На старото зборно место, на полигонот за мали спортови, граѓаните го предадоа маслото кое во текот на годината го собирале во специјално за тоа добиените кантички во Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при Локалната самоуправа.

Освен граѓаните кои трета година со ред го предаваат употребеното масло, на денешната акција, за која дознал преку медиумите се приклучи и жител на нашиот град кој е по потекло од Германија.

„Јас мислам дека ова е убава акција овде, зашто знам дека ако ова масло се фрли во вода, една капка загадува 10.000 литри вода и тоа не е убаво и многу луѓе го земаат ова и го фрлаат во тоалет, во бавча, или надвор и тоа не е убаво. Јас знам од Германија ако во Германија го однесеш ова на ѓубре, ќе платиш пенал, нема да земеш плата два месеци. Овде е друга ситуација, ама луѓето треба да учат.“-вели тој.

Од специјализираната фирма за собирање и одлагање на отпадното масло, Суниленс од Скопје велат дека оваа акција ќе продолжи и во наредните години, но ќе се спроведува со одредени измени.

„Овој проект ќе продолжи и понатаму да работи. Меѓутоа принципот ќе биде поразличен од сегашниот, така да ние сега на луѓето кои ќе ни ги отстапат своите кофички ќе им дадеме повторно празни кофички и контакт телефони и флаери како тие би можеле да контактираат со нас и ние со нив. Ние секој петок ќе имаме специјално возило овде во Охрид каде на контакт телефоните ќе може специјално да ги собираме тие кофички. Можеби нема да има вака организиран собир како денешниот и претходните два, ќе биде поединечно и акцијата е важно да продолжи.“-рече претставникот од „СУНИЛЕНС“-Скопје, Игор Каевски.

Тој вели дека освен од домаќинствата, задоволни се и од тоа како се спроведува собирањето и од поголемите угостителски капацитети со кои соработуваат уште од 2009та година.

Инаку освен во нашиот град, тој вели дека започнале со реализација на овој проект и во станбените згради во Скопје, каде за собирањето на отпадното масло се задолжени домарите од станбените објекти. Каевски изрази надеж дека во некој нареден период и акцијата во Охрид ќе се одвива на овој принцип.

ТВМ

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1