Во рамки на „Проектот за собирање на отпадни масла генерирани при подготовка на храна“ што го спроведува Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при општина Охрид, од втората половина на 2009 до октомври оваа година собрани се околу 40 тони отпадно масло.
Станува збор за отпаден зејтин, собран од хотелите, рестораните, сендвичарите и други правни субјекти што секојдневно создаваат таков вид отпад.
Целта на реализацијата на овој проект е употребеното масло да не се фрла заедно со останатиот комунален отпад и на тој начин да се спречи загадување на животната средина.
Собирањето на отпадното масло започна во соработка со овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање, складирање и третман на тој вид отпад.
Од општинскиот Сектор за урбанизам и заштита на животната средина најавуваат дека продолжуваат со активностите, со следен чекор собирање на отпадно масло од домаќинствата.
За таа цел утре во 12 часот, во големата сала на Општина Охрид, на стотина домаќинства ќе им бидат поделени по една пластична канта од по 3 литри, наменета исклучиво за собирање отпаден зејтин.
Општинските власти ги повикуват сите заинтересирани домаќинства за собирање на отпадното масло, да се обратат во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина, за организирање на активностите насочени кон собирење на таков вид отпад.