Го фрлате отпадното масло за јадење во мијалникот? Еве како ја загадувате природата

21/11/2017
Два проценти скопјани го селектираат отпадот целосно
20/11/2017
Отварање на Европската недела за помалку отпад: Јавна дебата – „Дали го селектираме отпадот во нашите домови?“
23/11/2017

Во нашата земја до 2009 година немаше организиран систем за собирање и рециклирање на отпадните масла и масти за јадење кои се создаваат во големи количини при подготовката на храна во индустриските објекти и домаќинствата.Пред неколку години, се направија законски измени кои ги обврзаа правните субјекти во прехранбената индустрија задолжително да го собираат отпадното масло за јадење кое го создаваат и да го предаваат на компани кои се овластени за негово собирање и понатамошно третирање.

Од лиценцираната македонска компанија за управување со отпадно масло за јадење, Суниленс, неодамна не информираа дека во изминатите 9 години имаат собрано над 2.500 тони отпадно масло од преку 800 прехранбени и угостителски објекти во Македонија. Отпадното масло од кога ќе се собере минува низ термички процес, филтрација и таложење во нивниот систем за управување со отпад и понатаму се рециклира од страна на реномирани европски фабрики во одржлив енергетски еко производ – биодизел.

Но, што се случува со домаќинствата кои сеуште го фрлаат отпадното масло во мијалникот и одводите? Еве како домаќинствата ја загадуваат природата, но и можност да ги променат своите навики и да се вклучат во една нова еко акција за селектирање, собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење:

-Несоодветното третирање на овој вид на отпад претставува најчест причинител за загадување на водата, почвата и тоа на 1/4 од сите загадувања.

-Само 1 литар отпадно масло може да загади до 1 милион литри вода.

-Фрлањето на отпадните масла за јадење во канализационите системи во 40% од случаите е причина з нивно затнување.

-Во урбаните средини каде имаме висока концентрација на население отпадното масло ги замастува цевките од канализацијата со што предизвикува нивно запушување

-Прегореното, односно отпадно масло ги загадува реките и почвата, а исто така има и канцерогени своства. Во оваа насока, би потенцирале и дека повеќекратната употреба на маслата за јадење е штетна по нашето здравје.

 

-Дел од светските истражувања и анализи покажуваат дека на годишно ниво водоводните компании трошат во просек 17,5 милиони евра за санирање на блокадите предизвикани од масти и масла за јадење кои се исфрлени преку одвод. Во Велика Британија овој трошок изнесува 100 милиони евра на годишно ниво.

-Светските анализи ги говорат и следните статистики: 1) Еден литар употребено масло за јадење има енергетски својства кои можат да се искористат за работа на телефонски полнач од 1.000 часа; 2) Со еден литар отпадно масло за јадење може да се создаде доволно енергија за да се направат 240 шолји кафе.

-Како пример за успешно спроведување на систем за собирање и рециклирање на отпадни масла за јадење од домаќинствата можеме да ја посочиме Белгија. Во оваа земја се собираат и рециклираат повеќе од 8.000 тони отпадно масло од домаќинствата на годишно ниво. Зашто да не ги примениме овие позитивни еколошки практики и во Македонија?

Промената почнува со секој од нас!

Сите заинтересирани граѓани можат да се вклучат во еко акцијата за собирање на отпадно масло за јадење од нивните домови со јавување на телефонските броеви 02/2650-100 или 070/264-444, како и со пополнување на контакт формата достапна на следниот ЛИНК

Подетални информации за оваа еко акција се достапни на следниот ЛИНК

Готви.мк

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1