Први резултати од новиот систем за собирање на отпадно масло и еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“

28/12/2017
Еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“ на МРТ – Македонија наутро
21/12/2017
Еко работилници со децата од градинката „Орце Николов“ – видео прилог на МРТВ
08/02/2018

Голема благодарност до сите граѓани кои се приклучија во новиот систем за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата и еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“. Првите резултати во поглед на собрано отпадно масло како и направени донации на сончогледово масло се следниве:

  • Вкупно досега се приклучени над 730 домаќинства.
  • Собрани количини на отпадно масло: над 400 кг.
  • 29 домаќинства направија донации на сончогледово масло во рамките на „Рециклирај и донирај“. Некои од нив донираа 0,5 литри сончогледово масло повеќе пати при предавање на собраните количини на отпадно масло.
  • Вкупно донации до сега: 21,5 лит. на сончогледово масло.

Земајќи во предвид дека отпадното масло е голем загадувач на животната средина, овие првични резултати се одличен почеток за создавање на еколошките навики и вредности кај секој од нас преку проширување на новиот систем за собирање до секое домаќинство во Македонија.

Интересот кај населението за собирање на отпадно масло е голем додека бројот на граѓани, кои редовно враќаат отпадно масло и притоа го искористуваат и хуманиот аспект од еко акцијата „Рециклирај и донирај“ за донирање на добиеното сончогледово масло, постојано се зголемува.

Голема благодарност до сите оние кои решија да направат донација!

Здружението „Љубезност“ овие донации ќе ги достави како помош до социјално загрозени семејства.

Листа на собирачи на отпадно масло кои направија донација во рамките на „Рециклирај и донирај“:

Скопје

  1. Драган Танасковски
  2. Стефан Диков
  3. Виолета Смилевска
  4. Миле Ламбевски
  5. Елизабета Ѓокиќ
  6. Василка Кратовалиева
  7. Александра Јанковиќ
  8. Гордана Клинчаровска
  9. Иглика Митревска
  10. Маја Зенделска
  11. Елена Трповска
  12. Евица Јовановска

Скопје

  1. Анета Спиркоска
  2. Панореја Десоска
  3. Драги Данев
  4. Maja Сотировска
  5. Емилија Јаневска
  6. Татјана Тодоровска
  7. Роза Василевска
  8. Љубица Лазаревски
  9. Даница Попова
  10. Билјана Чадиковска
  11. Билјана Апостоловска
  12. Елена Богеска

Останати градови

  1. Михаил Атанасовски Прилеп
  2. Јасмина Крстиновска Битола
  3. Никола Талески Битола
  4. Александра Валиокис Куманово
  5. Бојана Андонова Неготино