Еко работилници со децата од градинката „Орце Николов“ – видео прилог на МРТВ

Први резултати од новиот систем за собирање на отпадно масло и еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“
28/12/2017
Совети како да готвите со растителни масла и притоа да не ја загадувате животната средина?
14/03/2018

Имавме одлични искуства од досегашните еколошки работилници во рамките на еко-едукативниот проект „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло“. Кога знаењето се пренесува на соодветен и интересен начин децата навистина многу брзо учат и веднаш реагираат позитивно на нови теми од областа на екологијата. Погледнете го видео прилогот на МРТВ од едукативните активности на наставничките со децата во градинката „Орце Николов“. Ги подигнавме и првите кантички со отпадно масло за јадење собрано од страна на родителите. Продолжуваме понатаму со успешна реализација на овој пилот проект и унапредување на еколошките навики во нашето општество.