Како соодветно да го отстраните отпадното масло после готвењето?

Ви требаат само 2 минути да се вклучите во една нова еко акцијa
01/12/2017
Интервју со Андреј Ѓокиќ: Заштитата на животната средина почнува со секој од нас
11/12/2017

Доставуваме 3 литарски пластични садови за собирање на отпадно масло за јадење директно до вашиот дом. Отпадното масло за јадење се отстранува лесно и едноставно.

  1. Кога ќе завршите со пржење на храната, оставете го тавчето најмалку еден час за маслото да се олади;
  2. Потоа претурете го отпадното масло во нашиот сад за собирање;
  3. Поради безбедност и заштита од истурање, чувајте го садот со отпадно масло на место кое е недостапно за деца и домашни миленичиња;
  4. Кога ќе го наполните садот, контактирајте не за да ја подигнеме собраната количина и да ви доставиме нов чист сад за собирање.
  5. За секои собрани 3 литри отпадно масло добивате половина литар сончогледово масло кое може да го задржите за себе или да го донирате преку Љубезност до социјално загрозени семејства во рамките на еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“.

Доколку сакате да се приклучите во оваа еко акција за собирање на отпадно масло, пополнете ја контакт формата на нашата веб страна или контактирајте не на 070 264 444; 02/2650-100; 02/2650-600.