ДИСТРИБУЦИЈА

Дистрибуцијата на прехранбени брендови е клучна активност на Суниленс. Нашите оперативни и технички можности во комбинација со нашите комерцијални и логистички тимови овозможуваат Суниленс да заземе водечко место во дистрибутивната дејност во Македонија.

ДИНАМИЧНА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Суниленс располага со седум товарни возила со голема носивост и пет комерцијални возила кои се технички опремени за дистрибуција на пекарски суровини, маргарини и други прехранбени производи кои бараат специфични услови за транспорт, посебно во летните периоди. Нашата цел е да вршиме редовна и сигурна достава на нашата палета на производи до било која локација во Македонија на дневно, неделно или месечно ниво.

ДОСТАВА ПО ВАШ ИЗБОР И СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

Со високо развиена дистрибутивна мрежа во сите региони, нашата главна грижа е да ги задоволиме потребите на нашите клиенти преку ефикасно и навремено снабдување со сите прехранбени суровини кои им се потребни. Ние се стремиме да ги исполниме и надминеме нивните очекувања и да останеме во чекор со нивните барања. Поради тоа, успеавме да го развиеме нашиот логистички оддел на највисоко ниво и заедно со нашиот комерцијален тим создадовме синергија која гарантира интеграција на сите податоци за барањата на нашите клиенти со системот за нарачки и снабдување, распоредот на транспорт на суровини, складишните состојби и дистрибутивните услуги.

ОПЕРАТИВНИ И ТЕХНИЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Суниленс располага со складишен и административен простор од 1600 m2 изграден на површина од 4400 m2. Нашиот логистички капацитет опфаќа два магацина, две комори за ладење, систем за точење и складирање на сончогледово масло како и посебен сектор за управување со отпадни масла за јадење.

КОНТИНУИРАНА НАДГРАДБА ЗА ПОДОБРИ УСЛУГИ

Ние постојано вложуваме во обука на нашите вработени. Исто така, континуирано работиме на подобрување на квалитетот на нашата дистрибутивна мрежа со обновување на нашите возила и воведување на најнови софтверски апликации за зголемување на брзината и ефикасноста на нашата достава.