СОБИРАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ТРЕТМАН
СОБИРАЊЕ НА ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ
Нашиот професионален тим од секторот за управување со отпад е целосно посветен према потребите на секој создавач на отпадни масла за јадење како ресторани, хотели, локали за брза храна, супермаркети, разни прехранбени производители и деловни субјекти кои користат растителни масла во подготовка на храната. Процесот на собирање на отпадните масла се одвива преку следниве чекори:
- Склучување на договор за собирање на употребени масла за јадење со кој се прецизира начинот на собирање и правата и обврските на двете договорни страни
- Достава на бесплатна амбалажа за безбедно и хигиенско собирање и складирање на отпадот
- Директна комуникација со секој создавач на отпадни масла за планирање и организирање на ефикасен распоред на собирање
- Подигање на отпадните масла и достава на нова амбалажа на дневно, неделно или месечно ниво
- Издавање на транспортен формулар за предадената количина на отпадни масла за јадење при секое собирање
- Развиена логистичка мрежа за собирање и транспорт на отпадните масла за јадење во посебни возила до складишниот простор во нашиот сектор за управување со отпад
СКЛАДИРАЊЕ НА ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ
Суниленс располага со иноксни цистерни и резервоари кои овозможуваат најсоодветно складирање и таложење на отпадните масла за јадење. Преку нашите логистички, оперативни и технички капацитети целосно го систематизиравме процесот на управување со употребени масла за јадење према највисоките стандарди во индустријата.
ТРЕТМАН НА ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ
Суниленс користи современа опрема и технологија за термичко третирање, прочистување, филтрирање и анализа на отпадните масла за јадење. Секој литар отпадно масло за јадење кое го собираме поминува низ следниве процеси:
- Загревање на секоја количина во посебен систем дизајниран за оваа намена
- Фази на филтрација преку специјални филтри со различна големина
- Процес на таложење и додатно загревање во складишни цистерни
- Припрема на готова еко суровина за извоз на европскиот пазар преку финална филтрација и термичко третирање
- Лабараториска анализа за преглед на квалитетот на финалниот производ
Ги собираме вашите отпадни масла за јадење со надомест. Контактирајте не за да го подигнеме вашето отпадно масло и да ви доставиме соодветна амбалажа.
Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, нашиот тим ќе ви одговори на сите ваши прашања.