МАРГАРИНИ И РАСТИТЕЛНИ МАСТИ

ИНДУСТРИСКИ МАРГАРИН ЗА ЛИСНАТО ТЕСТО

margarina-tabla
margarina-kutija

Пакување: 20 кг. картонска кутија во која има 10 табли по 2 килограми
Бренд: Дијамант
Потекло: Србија

Дијамант маргаринот за лиснато тесто се произведува од висококвалитетни растителни масла и масти со додаток на посебно одбрани адитиви. Со примена на овој маргарин на тестото се обезбедува одлична лисната структура, соодветен волумен после печењето, одличен вкус и боја на крајниот производ. Маргаринот е клучна суровина за подготовка на сите видови лиснати и квасни лиснати теста како што се кроасани, штрудли, бели пецива и други видови на пекарски производи. Зависно од годишното време нудиме два типа на ваков маргарин: зимски и летен. Летниот е со точка на топење 44-45 степени, додека зимскиот е со точка на топење 42-43 степени.

Со Дијамант маргаринот за лиснати теста ги опслужуваме нашите клиенти од мелничко-пекарската индустрија како и производителите на кроасани и лиснати пецива скоро 25 години. Секој пекарски мајстор го препознава овој маргарин и ги знае неговите карактеристични својства. Со Дијамант маргаринот за лиснато тесто, кој е најпродаван индустриски производ во Македонија, успеавме да изградиме традиција на квалитет, континуирано задоволство и зголемена побарувачка кај нашите клиенти.

МАРГАРИН КЛАСИК

Dijamant-Margarin-Klasik-450x450
Dijmant-Margarin-Klasik-450x450

Пакување: 10 кг. картонска кутија во која има 20 коцки по 500 грама
Бренд: Дијамант
Потекло: Србија

Маргаринот Класик на Дијамант има широка примена во прехранбената индустрија. Најчесто се употребува во мелничко-пекарската, кондиторската како и во хорека индустријата. Одличен е за подготовка на солени и слатки теста, кифли, колачи, креми, како и други готвени и печени јадења.

ИНДУСТРИСКИ МАРГАРИН ЗА КРЕМИ

Dijamant-Slatkarstvo-Margarin-450x450

Пакување: 21 кг. картонска кутија во која има
4 правоаголни коцки од по 5.25 килограми
Бренд: Дијамант
Потекло: Србија

Дијамант маргаринот за креми се произведува од висококвалитетни растителни масти и масла и посебно одбрани адитиви кои овозможуваат финалниот производ да има извонреден вкус, изглед и квалитет. Се употребува во кондиторската индустрија за производоство на слатки, торти, креми и кремасти колачи. Овој производ е одлично прифатен во кондиторската индустрија во Македонија повеќе од 20 години.

ИНДУСТРИСКИ МАРГАРИН ЗА ЛИСНАТО ТЕСТО

Master-Martini-Margarin-Lisnato-1-450x450

Пакување: 20 кг. картонска кутија рефус
Бренд: Мастер Мартини
Потекло: Италија

Мастер Мартини маргаринот за лиснато тесто е одличен за подготовка на сите видови лиснати теста и квасни лиснати теста како што се кроасани, штрудли, пецива и други пекарски производи. Овој производ го продаваме на македонскиот пазар повеќе од 15 години.

РАСТИТЕЛНА МАСТ

Rastitelna-Mast-Dijamant-450x450

Пакување: 20 кг. картонска кутија рефус
Бренд: Дијамант
Потекло: Србија

Хидрогенизирана растителна маст која се произведува од висококвалитетни рафинирани нелаурински растителни масла преку процесот на делумна хидрогенизација и додатно рафинирање. Оваа квалитетна растителна маст на Дијамант има широка примена во кондиторската и мелничко-пекарската индустрија. Во зависност од точката на топење може да се користи за производство на вафли, кекси (солени и благи), крекери, бисквити, креми, полнежи, како и разни пекарски производи. Нудиме три вида на Дијамант растителни масти – точка на топење (30-32, 32-34 и 38-40 степени).

ПАЛМИНА МАСТ

Rastitelna-Mast-Malezija-450x450

Пакување: 20 кг. картонска кутија рефус
Бренд: ОКИ
Потекло: Малезија

Палмината маст ОКИ е посебно корисен полупроизвод со специфична точка на топење во мелничко-пекарската и кондиторската индустрија за подготовка на суви колачи, креми, кекси, крекери, чајни пецива, бисквити, бурек како и други слатки и солени производи. Овој бренд го продаваме на македонскиот пазар 20 години.

РАСТИТЕЛНА МРС

Rastitelna-Mrs-Dijamant-450x450

Пакување: 20 кг. картонска кутија во која има 4 канти по 5 кг.
Бренд: Дијамант
Потекло: Србија

Овој производ на Дијамант со специфични карактеристики се употребува како замена за масла добиени од млеко. Се добива со посебна постапка на кристализација на најквалитетни растителни масти а се препорачува за приготвување на сите видови јадења и колачи, особено за оние клиенти водат грижа за користење на производи исклучиво од растително потекло. Има примена во мелничко-пекарската индустрија за приготвување на разни специјалитети.

ДИПАН СРЕДСТВО ЗА ПЛЕХОВИ

dipan-450x450

Пакување: 23 лит. туба
Бренд: Дијамант
Потекло: Србија

Основна намена на ова средство е за подмачкување на пекарски калапи и тепсии за тесто како и пекарски траки, при што значително го подобрува процесот на печење на пекарските производи.