ТЕРМОСТАБИЛНИ КРЕМИ И ПОЛНЕЖИ
ТЕРМОСТАБИЛЕН ПОЛНЕЖ: ЈАБОЛКА 70%
Пакување: 6 кг. пластична амбалажа
Бренд: Кршуљ д.о.о
Потекло: Србија
Овошен фил од јаболка кој се користи во производство на мелничко-пекарски производи. Се нанесува на производот пред печење. Направен е од овошна каша (слична на џем) со пријатен мирис на јаболка. Има конзистентност која овозможува лесна манипулација при производниот процес без разлика дали се работи за рачно полнење на пекарскиот производ или со помош на специјални филери. Полнежот од јаболка е широко прифатен кај нашите клиенти за приготвување на полнети пецива и други слатки пекарски производи.
ТЕРМОСТАБИЛЕН ПОЛНЕЖ: ВИШНА 70%
Пакување: 6 кг. пластична амбалажа
Бренд: Кршуљ д.о.о
Потекло: Србија
Овошен фил од вишна со специјална примена во мелничко-пекарската индустрија. Се нанесува на производот пред печење. Направен е од овошна каша (слична на џем) со пријатен мирис на вишни. Има конзистентност која овозможува лесна манипулација при производниот процес без разлика дали се работи за рачно полнење на пекарскиот производ или со помош на специјални филери. Полнежот од вишна го збогатува производниот асортиман и вкус на нашите клиенти и ги прави привлечни и атрактивни нивните производи за крајните потрошувачи.
ТЕРМОСТАБИЛЕН КРЕМ ЗА ПЕКАРИ
Пакување: 6 кг. пластична амбалажа
Бренд: Кршуљ д.о.о
Потекло: Србија
Какао кремот се користи за полнење и нанесување на пекарски производи како кроасани, дански колачи, крофни и други пецива. Поради одличната термостабилност овој крем е погоден за примена на пекарски производи пред и по печењето, притоа значително збогатувајќи го вкусот на производите на секоја пекара.
ДОЛЧЕ КРЕМ (ХОПЛА) - СЛАТКА ПАВЛАКА
Пакување: 12 тетрапак парчиња по 1 лит.
Бренд: Мастер Мартини
Потекло: Италија
Долче Крем на Мастер Мартини има широка примена во кондиторската индустрија. Оваа слатка павлака се користи за добивање на квалитетен шлаг со сладок вкус и цврстина бидејќи содржи стабилизатори. Може да стои надвор од комора до два часа без да ја загуби својата цврстина. Производителите ја користат и за приготвување на креми, декорации и полнежи.