ЗРНЕСТИ, ПРАШКАСТИ И СУШЕНИ
СУСАМ - 99.97% ЧИСТОТА
Пакување: 25 кг. вреќа
Потекло: Индија
За да ги задоволиме потребите на секоја пекара во Македонија нудиме сусам од Индија прва класа со чистота 99.97 %. Овој производ е механички сушен, лупен и складиран во соодветна средина додека неговите зрна се богати со масло и имаат висока нутрициона вредност. Сусамот е со бела боја и претставува одличен извор на калциум, магнезиум, железо и фосфор. Има широка примена во мелничко-пекарската индустрија како додаток во ѓевреци и разни видови на пецива како и при производство на алва.
БРАШНО ТИП 400
Пакување: 25 кг. вреќа
Бренд: Рума
Потекло: Србија
Се добива преку технолошки процес на мелење на пченица од средишните делови на пченичното зрно (ендосперм), кои се состојат главно од скроб и протеини. Ова висококвалитетно пченично брашно е значајна суровина во мелничко-пекарската и кондиторската индустрија при процесот на производство на кроасани, бурек, бели пецива, теста за пица, колачи, торти и други кондиторски производи.
БРАШНО ТИП 500
Пакување: 25 кг. вреќа
Бренд: Рума
Потекло: Србија
Се добива преку технолошки процес на мелење на пченица од средишните делови на пченичното зрно (ендосперм), кои се состојат главно од скроб и протеини. Ова висококвалитетно пченично брашно е главна суровина во мелничко-пекарската индустрија при процесот на производство на леб и други пекарски производи.
ПЧЕНКАРЕН СКРОБ/НИШЕСТЕ
Пакување: 25 кг. вреќа
Бренд: Јабука
Потекло: Србија
Пченкарниот скроб има прашкаст облик, без мирис, со светла до бело жолта боја и карактеристичен вкус. Лесно апсорбира надворешни мириси. Се употребува како згуснувач, врзувачки агенс, носач на текстура и стабилизатор на храната во кондиторијата, пекарството и месната индустрија. Нашите клиенти го користат при производство на локум, разни филови за торти и колачи.
СУВ КРОМИД
Пакување: 14 кг. вреќа
Потекло: Индија
Сушениот кромид е важна суровина за крајните производи на секоја пекара во Македонија. Нудиме прва класа, бел сушен кромид од искусни производители во Индија. При производниот процес, кромидот подлежи на инспекција за квалитет, внимателно сортирање и дехидрација за максимално задржување на неговиот вкус, боја и арома. Се употребува во мелничко-пекарската индустрија за подготовка на традиционален бурек и пита со месо, а има примена и во месната индустрија.