ДЕЈНОСТИ И УСЛУГИ
ТРГОВИЈА СО ПРЕХРАНБЕНИ СУРОВИНИ И ПОЛУПРОИЗВОДИ
Уште од самите почетоци на Суниленс нашата главна дејност е трговија со прехранбени суровини и полупроизводи за индустриска употреба, со официјален број 46.33 според националната класификација на дејности во Република Македонија.
НАШИТЕ ПАРТНЕРИ
Во текот на последните 25 години успеавме да воспоставиме долгорочна соработка со познати регионални и светски компании кои ни овозможија пласман на квалитетни производи на македонскиот пазар. Нашата палета на производи содржи брендови на:
Дијамант АД (Србија), Мастер Мартини (Италија), Kitra Industries и NGO (Малезија), Рума (Србија), Јабука (Србија), Кршуљ (Србија) и реномирани производители на сусам и сув кромид од Индија.
НАШИТЕ КЛИЕНТИ
На македонскиот пазар дистрибуираме над 4.500 тони прехранбени суровини и полупроизводи на годишно ниво преку соработка со над 1000 пекари, ресторани, хотели, сендвичари, мали и големи кондиторски производители, производители на леб и кроасани, производители на чипс и грицки, производители во конзервна и месна индустрија како и многу други.
УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ
Во 2009 година Суниленс започна со нова дејност – собирање, складирање, преработка и третман на отпадни масла и масти за јадење (отпад со шифра 20 01 25). Како пионери во управувањето со отпадни масла за јадење во Македонија, инвестиравме во истражување на пазарот, нова технологија, опрема, логистика и човечки ресурси за да ги исполниме највисоките стандарди за соодветно извршување на оваа дејност. Успешното извршување на оваа дејност е поткрепено со континуирано обновување на сите потребни дозволи од Министерството за животна средина како и сертификација за квалитет на нашиот систем на ниво на ЕУ.
НАШИОТ ПРИДОНЕС КОН ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА И ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Во текот на последните 11 години Суниленс успеа да собере над 4.840 тони отпадно масло за јадење од повеќе од 1000 индустриски создавачи на овој вид на отпад. Нашата ефикасна колекторска мрежа ни овозможува да собираме отпадни масла низ цела Македонија кои поминуваат низ термички процес и филтрација во нашиот систем и потоа се пласираат како еко суровина на пазарот за биогорива во Австрија. Собираме отпадни масла за јадење од ресторани, хотели, сендвичари, пабови, супермаркети, производители на чипс, грицки, кондиторски и други видови на прехранбени производи.