Со големо задоволство се дружевме и им го презентиравме целиот процес на преработка и третман на отпадните масла кои ги собираме на учениците од СЕПУГС Васил Антевски Дрен.
Тие имаа можност и директно да се запознаат со практичниот дел на оваа еколошка дејност во нашиот сектор за управување со отпад. Им покажавме како отпадното масло поминува низ фази на загревање, филтрација и таложење за да заврши како еко суровина за производство на биодизел од страна на реномирани фабрики во Европа. Пренесување на еколошки вредности кај најмладите и правилен пристап кон отпадот кој го создаваме останува наша примарна цел.