Хуманитарна акција – донирање на зготвени оброци

Децата од градинките учат за рециклирање на отпадното масло за јадење
30/10/2018
Панел дискусија: „Селектирај – Рециклирај – Редуцирај“
13/11/2018

Нашиот тим континуирано учествува во хуманитарната акција за донирање на храна до социјално загрозени и бездомни семејства на Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness и Ретвитни Оброк #190 – Сподели, не фрлај, зготви и донирај  <3 Првиот пат со задоволство приготвивме 40 оброци со ориз и пилешко, салата и овошје за десерт, додека вториот пат зготвивме 40 порции грав со риба и салата.

Браво за сите вакви организации и здруженија кои навистина се трудат да направат хумани промени во нашето општество кон подобро. Нивните активности се инспирација за сите нас!

Хуманоста нема граници. Приклучете се и вие за да помогнеме во поголем број да обезбедиме #оброкзасите.