Нашиот тим континуирано учествува во хуманитарната акција за донирање на храна до социјално загрозени и бездомни семејства на Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness и Ретвитни Оброк #190 – Сподели, не фрлај, зготви и донирај <3 Првиот пат со задоволство приготвивме 40 оброци со ориз и пилешко, салата и овошје за десерт, додека вториот пат зготвивме 40 порции грав со риба и салата.
Браво за сите вакви организации и здруженија кои навистина се трудат да направат хумани промени во нашето општество кон подобро. Нивните активности се инспирација за сите нас!
Хуманоста нема граници. Приклучете се и вие за да помогнеме во поголем број да обезбедиме #оброкзасите.