ДОМАЌИНСТВА
Според компаративни истражувања во Европа и светот, голем процент на отпадни масла за јадење се исфрлаат во одводите, канализационите системи и се мешаат со комуналниот отпад од страна на домаќинствата. Отпадот од домаќинствата е многу потежок за собирање бидејќи зависи од индивидуалната еколошка свест и навиките за рециклирање на секое домаќинство.
ШТЕТНИ ВЛИЈАНИЈА
Отпадното масло за јадење е потенцијален загадувач на сите еко системи во природата. Количините на отпадно масло кои несоодветно се отстрануваат од страна на домаќинствата може да предизвикаат големи штети кои директно влијаат на животната средина и нашето здравје.
Преку собирање на отпадните масла за јадење и нивно предавање на овластен собирач вашето домаќинство значително го намалува ризикот од загадување на природата
СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДНО МАСЛО
СИСТЕМ НА СОБИРАЊЕ ДИРЕКТНО ДО ВАШИОТ ДОМ
Доставуваме 3 литарски пластични садови за безбедно и хигиенско собирање на отпадно масло директно до секој дом. Овој еко систем го креиравме за да им овозможиме на домаќинствата соодветно да ги собираат отпадните масла кои ги создаваат при подготовка на храната. Акцијата се спроведува низ цела Македонија и секој оној кој е заинтересиран за нашите бесплатни еко услуги веднаш ќе го посетиме и ќе му доставиме сад за собирање.
Вклучете се во нашата еко акција и почнете да собирате отпадно масло! Секоја капка отпадно масло што ќе ја соберете преку нашиот систем се рециклира во одржлив биодизел према стандардите EN 14214.
Процедурата е лесна и едноставна. Тоа може да го направите преку социјалните мрежи, следнава контакт форма или на телефонските броеви 070 264 444; 02/2650-100 и 02/2650-600.
ПРОЦЕС НА СОБИРАЊЕ НА ОТПАДНО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ
- Кога ќе завршите со пржење на храната, оставете го тавчето најмалку еден час за маслото да се олади.
- Потоа претурете го отпадното масло во нашиот сад за собирање.
- Поради безбедност и заштита од истурање, чувајте го садот со отпадно масло на место кое е недостапно за деца и домашни миленичиња.
- Откога ќе го наполните садот со отпадно масло, контактирајте не и нашиот тим веднаш ќе ве посети да ја подигне собраната количина и да ви достави нов чист сад за собирање.
- За секои собрани 3 литри отпадно масло добивате половина литар сончогледово масло кое може да го задржите за себе или да го донирате преку Здружението Љубезност до социјално загрозени семејства во рамките на еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“.
- Секоја количина на отпадно масло за јадење собрана преку нашиот систем се користи за добивање на обновлива енергија.
- Преку оваа еко акција собираме отпадни масла и масти за јадење од растително потекло (сончогледово масло, маслиново масло, масло од репка и други). Не собираме отпадни масли и масти од животинско потекло, моторни масла и други видови на минерални масла.
КАКО СООДВЕТНО ДА ГО ОТСТРАНИТЕ ВАШЕТО ОТПАДНО МАСЛО?
ЗА СЕКОИ СОБРАНИ 3 ЛИТРИ ОТПАДНО МАСЛО ДОБИВАТЕ ПОЛОВИНА ЛИТАР ДИЈАМАНТ СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ
Направете донација до социјално загрозени семејства преку собирање на отпадно масло за јадење… #рециклирајидонирај
Ги подигаме вашите отпадни масла за јадење и доставуваме наменски садови за собирање.
Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, нашиот тим ќе ви одговори на сите ваши прашања. Контактирајте не преку:
Податоците за контакт (лично име, адреса на живеење и контакт телефон) се добиваат со согласност на физичките лица вклучени во системот за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинства и во акцијата „Рециклирај и донирај“ за да се користат за реализација на целите на овој процес. Суниленс ги користи ваквите податоци исклучиво и само за евидентирање на количините на собраното отпадно масло од физичките лица во согласност со законските прописи.