ЗА НАС

Суниленс ДООЕЛ е компанија која има 25 годишно искуство во трговијата со основни прехранбени суровини и полупроизводи за индустриска употреба во Македонија. Фирмата е основана во 1993 година од страна на нашиот сопственик Синиша Ѓокиќ. Во 2009 година изградивме нови модерни објекти со административен и логистички капацитет за нашите дејности по сите европски и HACCAP стандарди, кои се лоцирани во индустриската зона Визбегово, Скопје. Суниленс е фамилијарна компанија, односно друштво со органичена одговорност, регистрирано во централниот регистар на Република Македонија со својот единствен матичен број ЕМБС: 5703344 и ДДВ број: 4030002461561.

ЛИДЕР ВО ТРГОВИЈА СО ПРЕХРАМБЕНИ СУРОВИНИ

Низ годините успеавме да изградиме препознатлив бренд на услуги, производи и квалитет кај секој производител во мелничко-пекарска, кондиторска, хорека, конзервна и други прехрамбени индустрии во Македонија. Нашата палета на производи содржи сончогледово и палмино масло за јадење, маргарини за различни индустриски употреби, растителни масти, сусам, сув кромид, кечап, мајонез, пекарски брашна, пекарски креми, нишесте и други основни прехрамбени суровини. Следејќи ја нашата долгорочна визија и иновативен пристап континуирано се надградуваме, напредуваме и растеме заедно со нашите клиенти.

Благодарение на ефикасноста и флексибилноста во комбинација со досега стекнатото знаење и професионално искуство, денес Суниленс има водечко место во дистрибутивната дејност во Македонија со квалитетен кадар од 27 професионално обучени вработени кои опслужуваат повеќе од 1000 клиенти. Ние сме горди во остварувањето на нашата визија со тимска работа и целосна посветеност кон задоволување на потребите на секој наш клиент. Се стремиме да создадеме идеални услови и успешна работна средина за нашите вработени што придонесува до константно подобрување на нашите услуги и техничките, оперативните и менаџерските капацитети кои ги имаме.

Нашата единствена цел е да понудиме индустриски програми на суровини по најповолни цени, услови и динамика на работа за секоја категорија на прехрамбен производител. Со над 4500 тони прехрамбени суровини кои ги пласираме секоја година на македонскиот пазар, најдобар показател за успехот кој го постигнавме во оваа сфера се долгогодишните застапништва на познати брендови и довербата од страна на реномирани регионални фабрики.

ЛИДЕР ВО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ

Нашиот претприемачки дух и визија за иднината не застанаа тука. Во 2009 година Суниленс инвестираше во технологија, опрема, логистика и човечки ресурси за започнување на нов проект – собирање, складирање и третман на отпадни масла за јадење. По добивањето на потребните дозволи, Суниленс стана прва овластена компанија од страна на министерството за животна средина за оваа дејност во Македонија.

Следејќи ги светските трендови и практики во поглед на ефикасно искористување на отпадни суровини како обновлив извор на енергија за поттикнување на зелена циркуларна економија и чиста животна средина, успеавме да создадеме модерен систем за управување со отпадни масла за јадење по највисоки европски стандарди. Преку напорна работа, развивање на логистичка мрежа и континуирана едукација на секој индустриски создавач на отпадни масла за јадење, Суниленс прерасна во најголемиот собирач на овој тип на неопасен отпад во Македонија. Успешното извршување на оваа дејност е поткрепено со сертификат за квалитет според европската директива за обновлива енергија.

Во последните 8 години успеавме да собереме и преработиме над 2000 тони отпадно масло за јадење од прехрамбената индустрија во Македонија. Преку соодветно собирање, третман и пласман на отпадните масла за јадење на пазарот за био горива во Австрија, Суниленс придонесува во развојот и промоцијата на зелена економија и еколошки вредности, чиј двигател се отпадните еко суровини за добивање на обновлива енергија и заштита на животната средина. Управувањето со отпадни масла за јадење ја прошири нашата визија кон изнаоѓање на нови начини и технологии за искористување на енергетските својства на отпадните суровини, со цел да направиме значаен придонес кон почиста животната средина и подобар квалитет на живот кај населението.