Охридските домаќинки добија канти за одлагање на искористено масло од готвење

Охрид собра 40 тони отпадно масло
13/12/2012
Акција за собирање отпаден зејтин во Охрид
13/05/2013

Над 100 охридски домаќинства, денес, добија по една пластична канта од три литри во која ќе можат да го одлагаат отпадното масло по готвењето. Со тоа наместо овој вид отпад да се фрла во дворовите, канализационата мрежа или во контејнерите заедно со останатиот отпад , ќе може соодветно да се третира.

– Со правилното третирање на овој вид отпад се спречува загадувањето на животната средина. Сега почнавме со доделување на канти на околу 100 домаќинства. Се надеваме дека интерес ќе покажат и многу други охриѓани, вели Хавза Реџеп Какел од Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при општина Охрид.

Полните канти ќе се подигаат од страна на овластената фирма „Суниленс“ која од Министерството за животна средина и просторно планирање има дозвола за собирање , складирање и третман на овој вид отпад.

– Целта е да се собере што повеќе отпадно масло за јадење кое по преработката во нашите погони се извезува за понатамошна негова употреба во странските земји каде од него се произведува биогориво, а се користи и во козметичката индустрија, обајснуваат од фирмата „Суниленс“ од каде потенцираат дека секое литро собрано масло е придонес во зачувувањето на животната средина, бидејќи еден литар прегорено масло може да загади и до еден милион литри вода.

Бројот на кантите кои им се делат на домаќинствата е неограничен. Заинтересираните граѓани за собирање на отпадното масло можат да се јават во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина во соба бр. 56, секој работен ден од 8 до 16 часот во период 14 ти до 25 ти декември годиинава.

Охрид е првата општина во земјава која го иницира започнувањето на „Проектот за собирање на отпадни масла генерирани при подготовка на храна“ чија реализација стартува во 2009 година со подигање на отпадното масло од правните субјекти, при што беа собрани околу 40 тони.

OhridNews

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1