Промоција на книгата „Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон на македонски јазик

Промоција на „Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон
02/05/2018
Промоција на книга “Дом со нула отпад”
05/05/2018

Одличен настан, одлична книга и секако одличен концепт кој е применлив во секојдневниот живот! Книгата „Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон сега е достапна и на македонски јазик благодарение на Андријана Папиќ Манчева.

На 3 Мај, 2018 година присуствувавме на промоцијата на македонското издание од оваа книга која се одржа во Public Room. Во 2013 година, кога за првпат е издадена во САД, „Дом со нула отпад“ била единственото сеопфатно четиво за тоа како да живееме поедноставен и поисполнет живот преку концептот на нула отпад. Оттогаш книгата е преведена и адаптирана на над 20 јазици, а Беа Џонсон неуморно зборува за придобивките од живеењето со нула отпад.

Еве шанса да се запознаеме со приказната на Беа и нејзините животни искуства во реализацијата на идејата за нула отпад. Оваа животна филозофија промовира позитивни промени на индивидуално и општествено ниво. Eколошкото постапување со отпадот кој го создаваме како и негово намалување во секојдневниот живот се исто така важен дел од овој концепт. Зашто да не се обидеме и ние? Прочитајте ја книгата, нема да зажалите.