Промоција на „Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон

Гостување во фактор здравје на тема: „последици од несоодветно фрлање на отпаден зејтин“
16/04/2018
Промоција на книгата „Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон на македонски јазик
03/05/2018

На 3 мај (четврток) со почеток во 20.00 часот, на најгорниот кат во скопската „Јавна соба“ ќе се одржи промоцијата на книгата „Дом со нула отпад“ од авторката Беа Џонсон, пионерката на живеењето со нула отпад која веќе десет години со своето семејство прави по само една тегла ѓубре годишно.

Во 2013 година, кога за првпат е издадена во САД, „Дом со нула отпад“ била единственото сеопфатно четиво за ѓубрето како фактор за (по)едноставен и исполнет живот. Оттогаш е преведена и адаптирана на над 20 јазици, а Беа Џонсон неуморно зборува за придобивките од живеењето со нула отпад и патува со својата тегла ѓубре низ целиот свет.

Нула отпад се појавува како реакција на немилосрдниот капитализам и наметнатите мегаломански потрошувачки апетити кои ги исцрпуваат природните ресурси и го понижуваат човечкото достоинство, а претставува одржлива алтернатива и за рециклирањето што кај нас се гледа како единствено решение за преполните контејнери и сеприсутниот отпад: само минатата година просечниот македонски потрошувач фрлил над 300 кг ѓубре, а над 80% од сиот комунален отпад бил собран од домаќинствата.

По минатогодишните предавања „Како до една тегла ѓубре годишно?“ во Скопје што ги организира неформалната група на граѓан(к)и „Од нула од нула“, Беа Џонсон повторно доаѓа во Македонија во рамки на својата тековна турнеја по повод промоцијата на нејзината книга на македонски јазик. „Дом со нула отпад“ е книга што ококорува, освестува и оснажува: не само што му ја доближува оваа животна филозофија на читателот и му укажува дека ѓубрето е клучен фактор за загадувањето туку и му дава насоки и практични совети како да живее поквалитетно и со многу помалку ѓубре.

„Дом со нула отпад“ е издание на „Виг Зеница“, а на македонскиот пазар се појавува благодарение на заложбите на преведувачката Андријана Папиќ Манчева и на поддршката од Славица Биљарска Мирчески, креативниот колектив „Ококори“ и првата овластена и лиценцирана компанија за справување со отпадните масла и масти за јадење од растително потекло „Суниленс ДООЕЛ“.

Скопје Инфо

Stylist

Inovativativnost

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1