Панел дискусија: „Селектирај – Рециклирај – Редуцирај“

Хуманитарна акција – донирање на зготвени оброци
10/11/2018
Нови еко-едукативни работилници со децата од 11 градинки во Скопје преку проектот „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење”
15/11/2018

Голема благодарност до Rotaract Club Skopje кои не поканија да бидеме дел од еколошката панел дискусија: „Селектирај – Рециклирај – Редуцирај“ заедно со Нула Отпад ДОО Скопје.

Ни беше големо задоволство да ги споделиме позитивните искуства и досегашните резултати од нашиот систем за управување со отпадно масло и еко проектите  „Рециклирај и донирај“ и „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“.

Одговоривме на доста интересни прашања и дискутиравме со голем дел од присутните за доста значајни еколошки аспекти во нашата држава:

  • Како да ја подигнеме еколошката свест и да креираме долготрајни практики за соодветна селекција и собирање на отпадот.
  • Како да постигнеме еколошки и економски одржливо општество преку долготрајни и функционални системи за управување со отпадот кој го создаваме.

Се надеваме на одлична идна соработка и заеднички еколошки активности со Rotaract Club Skopje. Погледнете ја галеријата од настанот.