Дечиња во градинка заедно со „Петко“ учат за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење

Еко-едукативен проект: „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“
13/11/2017
Зголемување на еколошката свест и подобрување на системите за собирање на отпадно масло: „Суниленс“ и Здружението „Гоу Грин“ започнаа соработка
13/11/2017

Проектот „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“ кој го спроведува компанијата Суниленс во соработка со ОХО Еко-училиште/Еко-градинкапродолжува со полна пареа.

Минатата недела беше организирана уште една одлична презентација пред родителите и дечињата во еден од објектите на Градинка Орце Николов во Карпош 4.

„Успеавме да поделиме и преку 20 кантички за собирање на отпадно масло за јадење. Голема благодарност до сите родители кои решија да земат учество во акцијата за собирање на отпадно масло од домаќинствата како и до директорката на градинката „Орце Николов“ и персоналот“, напишаа од Суниленс на својата Facebook страна.

Овој Проект на Суниленс и ОХО во пилот фаза започна минатиот месец, а по извршени анализи и следење на примерите за еко едукација уште од најрана возраст во западните земји. Проектот е насловен „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“, а во оваа пилот фаза се спроведува во детските градинки „Орце Николов“ во општина Карпош и „Корчагин“ во општина Центар.

Проектот има за цел да ја доближи темата за екологија – собирање и рециклирање на отпадни масла за јадење – до децата уште од најмала возраст. Предвидени се неколку фази на директна едукација на најмладите преку специјално дизајнирани еко материјали со ликот на Петко и едукативни активности со наставничките, како и организирање на еко акции за собирање на отпадно масло од родителите.

„Веќе ги направивме првите презентации пред родителите и децата во дел од објектите на градинките и ги поделивме првите кантички за собирање. Нашата цел е по реализацијата на овој еко едукативен проект, оваа активност да продолжи на долготраен рок и да ја прошириме и во другите градинки низ градот Скопје, а потоа и во основните и средните училишта“, истакнуваат од Суниленс.

Исто така, сите заинтересирани граѓани можат да се вклучат во еко акција за собирање на отпадните масла за јадење од нивните домови со јавување на телефонските броеви 02/2650-100 или 070/264-444, како и со пополнување на контакт формата достапна на следниот ЛИНК

Готви.мк

Ние собираме, складираме и третираме отпадни масла за јадење од хотели, ресторани, сендвичари, големи и мали потрошувачи на растителни масла низ цела Македонија.

При подигање на вашето отпадно масло за јадење доставуваме соодветна амбалажа за собирање. За да го собереме вашето отпадно масло или доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, контактирајте не и веднаш ќе ве посетиме.

slika-za-proekt-ohrid-1