Еко-едукативен проект: „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“

Еко-хуманитарен проект „Рециклирај и донирај“: Собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата
13/11/2017
Дечиња во градинка заедно со „Петко“ учат за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење
13/11/2017

Заедно со ОХО, го започнавме нашиот нов еко едукативен пилот проект „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“ во детските градинки „Орце Николов“ во општина Карпош и „Корчагин“ во општина Центар. Овој пилот проект има за цел да ја доближи темата за екологија – собирање и рециклирање на отпадни масла за јадење – до децата уште од најмала возраст. Ќе се состои од неколку фази на директна едукација на најмладите преку специјално дизајнирани еко материјали со ликот на Петко и активности со наставничките, како и организирање на еко акции за собирање на отпадно масло од родителите.

Првите презентации ги започнавме, а исто така ги поделивме и првите садови за собирање на отпадно масло до родителите и персоналот. Ваквите еко акции и презентации ќе продолжат во сите објекти од двете градинки кои учествуваат во овој пилот проект во наредниот период.

#учимезаотпадномасло #рециклирајидонирај #отпадномаслозајадење #обновливаенергија